за

Рускиот автомобилски пазар во мај 84 проценти во минус

Уште еден негативен рекорд во продажбата на автомобили во Русија. Во мај се продадоа помалку автомобили од кога било досега, продажбата е десеткувана.

На рускиот автомобилски пазар во минатиот месец биле продадени само 24.278 нови патнички автомобили и лесни доставни возила. Во споредба со истиот месец лани, од некогашниот пазар останале само 16,5 проценти.

Во апсолутни бројки, Русија во мај регистрирала 123.110 автомобили и доставни возила помалку во споредба со лани. Голем пад веќе беше регистриран и во март и април. Во статистиката отсуствуваат податоците за продажбата на Mercedes-Benz и BMW, коишто имаат силно присуство на рускиот пазар. Причината за отсуството на податоците за омилените премиум марки во Русија е одлуката на увозниците да ги објавуваат продажбите на ниво на квартал, место на месечно ниво.

Од почетокот на годинава се продадени вкупно 663.312 нови патнички автомобили и доставни возила. Тоа се 52 проценти помалку возила во споредба со истиот период лани. Lada останува најпродаван марка во земјата. Во мај биле продадени 6.012 возила Лада, што е за 84% послабо од лани. Во првите пет месеци, вкупната продажба на Lada достигна 67.230 возила, или за 58 помалку од периодот од јануари до мај во минатата година.

Втора најпродавана марка е Kia, којашто со години ужива висока позиција на пазарот. Во мај се продадени 3.606 возила од корејската марка. Следи Hyundai со 2.916 возила. Четврта најпродавана марка е GAZ, благодарение на популарноста на своите доставни возила, а петти е Renault, со 1.789 возила. Французите неодамна се откажаа од фабриката во близина на Москва, како и од учеството во Автоваз, производителот на Лада.

Најпродавани модели во Русија во мај

Модел

Марка

мај ’22

1

Granta

Lada

2305

2

Vesta

Lada

1538

3

Rio

Kia

1202

4

Creta

Hyundai

1197

5

Niva

Lada

1102

6

Solaris

Hyundai

754

7

Largus VP

Lada

642

8

Duster

Renault

561

9

Sportage

Kia

560

10

Seltos

Kia

502

11

COOLRAY

Geely

473

12

Rapid PA II

Škoda

444

13

Jolion

Haval

425

14

Polo

VW

397

15

Tucson

Hyundai

362

16

Logan

Renault

361

17

CX-5

Mazda

359

18

Cerato

Kia

316

19

Sandero

Renault

315

20

Kaptur

Renault

301

21

Patriot

UAZ

275

22

XRAY

Lada

256

23

Arkana

Renault

250

24

Soul

Kia

247

25

Sorento

Kia

227

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

One Ping

  1. Pingback:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini Urus е рекордер: 20.000 возила за четири години

Ferrari Daytona од 3.778 коцки Lego, со функционален менувач