Логото, дизајнот и фонтот во сите мрежи преку коишто Toyota комуницира со јавноста се менуваат непосредно пред пристигањето на новиот Yaris во салоните. Промените важат за Европа, во знак на преоѓањето на Toyota во понудувач на најразновидни услуги за мобилност.
Преработена верзија на логото на компанијата и нов фонт се главните промени во настапот на Toyota на европскиот пазар. Целта е на тој начин да се одбележи почетокот на новата ера. Јапонската компанија меѓу првите им понуди услуги за мобилност на своите клиенти и сега го официјализира тоа, преоѓајќи од класичен производител на автомобили во партнер за мобилност.
Новиот визуелен идентитет се одликува со едноставност и се темели врз четири клучни начела: Мобилност, ориентираност кон иднината, квалитет и обединување на сите деловни подрачја, вклучувајќи ги ограноците за кредитирање и осигурување.
„Тоа ни овозможува во иднина подобро да се поврземе со нашите клиенти преку низа допирни точки и јавноста првпат ќе го види при премиерата на новата Toyota Yaris“
Дидиер Гамбар, потпрестедател за продажба, маркетинг и клиенти во Toyota Motor Europe
Заради поедноставување на изгледот, елипсите на Toyota во новото лого се појавуваат со дводимензионален, еднобоен дизајн. Покрај тоа, новиот дизајн претставува транспарентност и модерен пристап, приспособен за примена во дигиталниот простор. Логото првпат ќе се користи без името Toyota.
Логото на автомобилите останува непроменето, вклучувајќи го препознатливиот син дизајн кај моделите со хибриден погон. Истото важи и за логото во објектите. Се менува и типографијата во онлајн и офлајн настапот на марката, со новиот „Toyota Type“.
https://www.instagram.com/p/CC1hfc2njGy/
















