- Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени го погоди регионот Кумамото во Јапонија на 28-ми јули, прекинувајќи го сообраќајот и предизвикувајќи мало цунами.
- Тојота и Нисан имаат големи фабрики за монтажа на северот на Кјушу, во коишто се произведуваат автомобили за извоз.
- Нисан соопшти дека во земјотресот немало повредени или поголема штета, производството продолжи непречено.
- Земјотресите во Јапонија честопати предизвикуваат прекини во снабдувањето со делови од добавувачите, дури и кога самите фабрики за автомобили не претрпуваат директна штета.
Тојота го прекина производството на Лексус, додека Нисан ги проценува штетите во фабриката на југозападот на Јапонија, откако земјотрес со силина од 7,1 степени го погоди регионот на 28-ми јули. Земјотресот предизвика пожари, урна згради, ги оштети автопатите и предизвика прекини во железничкиот и авио сообраќајот, а се создаде и мало цунами.
Земјотресот го погоди регионот Кумамото на југоисточниот остров Кјушу, во попладнето околу 4:30 часот.
Корпорациите Тојота и Нисан имаат индустриски центри во северниот дел на Кјушу, коишто се оддалечени околу 150 километри од жариштето на земјотресот.
Тојота го прекина работењето во втората смена во својата фабрика за Лексус, во фабриката за мотори во Канда и во фабриката за хибриден погон во Кокура.
Фабриката ќе продолжи со работа во првата смена на 29-ти јули, откако ќе се извршат процени на снабдувањто и на штетата од земјотресот.
Тојота не пријави случаи на повредени лица или поголеми штети.
На Кјушу се произведуваат модели на Лексус, меѓу кои лимузината ЕС и кросоверите У Икс, Р Икс и Н Икс. Околу 90 проценти од возилата се извезуваат во 80 земји.
Нисан исто така нема случаи на повредени лица и нема претрпено позначајни штети.
Нисан на островот Кјуши ги произведува Инфинити Ку Икс 80, Нисан Патрол и Нисан Армада. Од неодамна се произведува и четвртата генерација на скапиот ван Елгранд е-Пауер, од којшто се очекува да донесе силен поттик во продажбата на Нисан.
Во втората фабрика во близина се произведуваат и Нисан Кикс е-Пауер, Серена е-Пауер и Икс-Трејл.
Земотресите се чести во островската земја. Дури и кога фабриките за завршна монтажа не претрпуваат директна штета и продолжуваат со работа, штетите кај добавувачите може да предизвикаат прекини во понатамошното снабдување на фабриките. Во целиот регион околу фабриките на островот Кјушу се наоѓаат бројни фабрики за изработка на мотори и други компоненти.
Од производствените капацитети на Тојота на Кјушу можат да излезат 400.000 возила годишно. Лани оттаму излегоа 390.314 возила.
Двата големи погони на Нисан на островот можат да произведат 620.000 возила годишно.
















