Порше заздравува, порасна профитот

Оперативната добивка на Порше порасна 34 проценти во првото полугодие од 2026, достигнувајќи 1,35 милијарда евра.

Порше 911 ГТ3 С/Ц
  • Извршниот директор Мајкл Лајтерс вели дека и покрај раниот прогрес, „ни престои уште многу работа.“
  • Врз резултатите во второто полугодие ќе влијае и пакетот за компензација за вкупно 9.000 лица што ќе ги напуштат своите работни места.

Порше ги потврди прогнозите за деловната 2026 година и покрај постојаните предизвици. Мерките за реструктурирање покажуваат делотворност.

Извршниот директор Мајкл Лајтерс соопшти на 29-ти јули, дека компанијата што е во мнозинска сопсвеност на групацијата Фолксваген, работела интензивно на новата стратегија откако тој ја презеде функцијата во почетокот на годината, но предупреди дека „ни претстои уште многу работа.“

Оперативната добивка на групацијата Порше порасна 34 проценти, на 1,35 милијарда евра во првото полугодие.

Нов пакет на скусувања на работните места, со што вкупната бројка на отпуштања ќе достигне околу 9.000 лица, односно погодува еден од секои пет вработени, ќе ги оптовари резултатите во второто полугодие со трицифрена милионска сума , кажа директорот за финансии Јохен Брекнер.

Порше и матичниот конецерн Фолксваген работат на сеопфатни мерки за преиспитување на бизнисот, под влијание на трошоците за царините во САД, засилената конкуренција од Кина и скапото производство во Германија.

„Финансиските резултати во првото полугодие се во согласност со нашите очекувања,“ додаде Брекнер, посочувајќи на строгите мерки за скусување на трошоците и на позитивните придобивки од префрлувањето на производство на поскапи модели што носат повисока заработка.

Прогнозите за 2026 година остануваат непроменети:

  • Промет меѓу 35 и 36 милијарди евра
  • Оперативна маржа од 5,5 до 7,5 проценти
  • Нето маржа од продажба на автомобили од 3 до 5 проценти
  • ЕБИТДА маржа од автомобили од 15 до 17 проценти
  • Удел на електрични автомобили меѓу 24 и 26 проценти

Домашната побарувачка за електричниот Порше Кајен над сите прогнози

Претходна објаваТојота и Нисан ги проценуваат штетите од земјотресот во Јапонија
Следна објаваФорд назначи поранешна директорка на БИД да го спасува бизнисот во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here