БИД ќе го тресе јапонскиот пазар на микроавтомобили, со лансирањето на електричниот Рако. Кинескиот производител, моментно петти најголем во светот, ќе ја тестира вечната верност на јапонските возачки и возачи кон домашните микроавтомобили.
Кинески БИД влегува таму каде што ниту еден странски производител нема пристапено досега. Тоа се микроавтомобилите, што се од клучна важност за јапонскиот автомобилски пазар, и какви што досега произведуваа единствено домашните компании.
Лансирањето на Рако на големиот настан во Токио на 28-ми јули е тест, дали БИД е подготвен да појде во освојување на светот, доколку успее на јапонскиот пазар што е многу чувствителен на својата специјалност, микроавтомобилите.
Доколку БИД, којшто е на пат да ја престигне Тојота како најголем производител на автомобили во светот до 2030 година, го мине тестот на јапонскиот пазар, тоа ќе биде голем проблем за јапонските производители на автомобили, вклучувајќи ги Хонда и Нисан. Микроавтомобилите со децении се специјалност на домашните производители и постојат посебни закони што ги досега ги штитеа истите од напади однадвор.
Не постои марка што се обидела да пушти нога на заштитениот пазар на микроавтомобили во Јапонија, со исклучок на германскиот Смарт, пред повеќе од две децении.

Дури и покрај тоа што на микроавтомобилите им припаѓа една третина од јапонскиот пазар, странските производители досега ги избегнуваа овие автомобили. Постојат посебни норми за големината и моќноста, што им беа премногу сложени на странците за посебно да развиваат модели за тамошниот пазар, па и за мала добивка.
Тоа беше само нов предизвик за БИД, во Кина да развива достапни микроавтомобили и да ги продава само во Јапонија. Така БИД сака да го освои целиот свет, чекор по чекор.
Претседателот на БИД, Ванг Чуанфу, изјави во минатиот месец пред инвеститорите, дека кинескиот производител до 2030 година ќе ја престигне корпорацијата Тојота Мотор и ќе стане најголем во светот. Тоа ќе се постигне преку нови технологии и преку агресивно ширење на светскиот пазар. Идејата е дека БИД може да мине секаде, доколку успее да конструира и продава автомобили што минуваат кај јапонските возачки и возачи.
„Тоа сите го кажуваат“, изјави претседателот на БИД Ауто за Јапонија, Ацуши Тофукуџи.
„Доколку јапонските потрошувачи го прифатат овој модел, тоа многу ќе ни значи,“ кажа тој. „Рако е прв електричен микроавтомобил од странски производител, што е совршено конструиран за да ги задоволи јапонските норми за микроавтомобили.“
Рако е пример и за тоа што аналитичарите го водат како „кинеска брзина.“ На тимот кинески инженери му беа потребни малку над две години, и покрај немањето искуства со јапонските микроавтомобили. Тие посетуваа градинки, трговски центри, попатни одморалишта и туристички знаменитости, за да се запознаат со локалните навики.
БИД посебно разви нов батериски модул, што е наречен Икс-Пак и на мал простор ја соединува батеријата, контролните единици, конвертерите. Батериските ќелии се дел од каросериската структура.
Компанијата вели дека оваа технологија може да ја користи во останатите малечки модели што ги продава низ светот.

БИД разви и софтверски систем што вчитува од облак, како функција што е мошне ретка меѓу јапонските микроавтомобили.
Околу 70 проценти од деловите во Рако се произведени во сопствените фабрики на групацијата БИД.
БИД е најголем производител на ЕВ во светот и 5-ти најголем производител на автомобили во светот, пред Џенерал Моторс и Форд. Кинеската компанија лани продаде 4,6 милиони возила, со преку 1 милион извезени автомобили. Инженерската армија опфаќа 120.000 експерти.

БИД го чека тешка битка за јапонскиот пазар, како увозна кинеска марка
БИД мора да се соочи со два големи предизвици во Јапонија.
Прво, компанијата продава само ЕВ на пазар, каде што електричните автомобили одвај имаат удел од 3 проценти. Покрај тоа, БИД е кинески производител, во земја што им е верна на домашните производители и странските марки тешко се пробивааат.
БИД, кусо од Билд Јоур Дримс, или изгради ги своите соништа, почна да продава во Јапонија во 2023 година. За три години, пазарот им порасна 62 проценти, но тоа пак се скромни 3.900 возила. Во првото полугодие од 2026, продажбата порасна за уште 40 проценти, на 2.400 возила.
Според правилото за именување на моделите на БИД според морскиот свет, Рако на јапонски значи морска видра.
Во Јапонија во првото полугодие се продадени 660.500 возила, што е пад од 0,5 процент. Но, електричните возила постигнаа само 7.800 продажби, со раст од 19 проценти.
БИД очекува годинава да продаде 10.000 примероци од Рако, а понатаму по 12.000 возила секоја година. Продажната мрежа се состои од 77 салони.
Доколку се успее, тоа ќе биде голем загриз во пазарот на неговите ретки електрични конкуренти. Тоа се Нисан Сакура, Хонда Н-Уан:е, Мицубиши еК и Делика Мини.
Моделите на Мицубиши и Нисан делат техника на Нисан, а се произведуваат кај Мицубиши. Во првите шест месеци, Сакура загуби 43 проценти од продажбата, со 5.000 возила. Хонда до јуни продала само 2.100 возила.
Рако се произведува во фабриката во Чангжу, заедно со други извозни модели, како кросоверот Си Лајон 7, комбилимузината Долфин и лимузината Сил.
Цената е решавачки фактор за успехот на БИД.
Рако стартува од 2.145.000 јени ($13.200) и досега до 2.497.000 јени ($15.370). Јапонската влада дава субвенција во висина од 150.000 јени за ЕВ.
Нисан Сакура стартува од 2.448.600 јени ($15.000), но и субвенцијата за неа е повисока, со 580.000 јени.
Субвенцијата за Рако е пониска поради тоа што батеријата е од Кина.
Рако се нуди со две големини на батерија ЛФП. Со помалата (22,4 кВч) се постигнува досег до 210 километри, според јапонските норми, додека со поголемата батерија се вози со 320 километри. Сакура конкурира со 180 километри.
















