Фолксваген преговара со Кинези за својата фабрика за батерии во Шпанија

Групацијата Фолксваген е во напреднати преговори со нејзиниот партнер Гоушн, за кинеската компанија да купи удел од фабриката за батерии во Валенсија.

Производство на батерии за електрични автомобили во фабриката на Пауер Ко во Залцгитер, Германија

Досега се направени неколку посети со високи почести од страна на извршниот директор на кинескиот производител на батерии за електрични автомобили, Ли Жен, со цел да се оцени зделката, објави шпанскиот магазин за економија Ла Трибуна де Аутомосион на 27-ми јули, повикувајќи се на извори од индустријата.

Со фабриката на новиот огранок на Фолксваген раководи Пауер Ко. Се очекува таа да започне со производство кон завршетокот на годината и понатаму да ја зголемува продукцијата постепено.

Од Пауер Ко одбија да ја коментираат објавата, во е-писмото што го испратија до Ројтерс.

Во одговорот стои дека „Пауер Ко постојано истражува стратешки можности, вклучувајќи потенцијални соработки со партнери.“

Од Гоунш не возвратија со коментар, откако им беше испратено е-писмо надвор од работното време.

Фолксваген ја основаше Пауер Ко со намера да оформи сопствен бизнис со батерии во Европа, заради смалување на зависноста од азиските производители, додека се обидува да фати чекор со главните играчи на пазарот на електрични автомобили, БИД и Тесла.

Под притисок да ги скуси трошоците, компанијата вложува напори да го рационализира широкото поле на инвестирање и да ја скуси продукцијата во Европа.

Во објавата се наведува можност за Гоушн да преземе мнозински удел во акциите во заедничката компанија што ќе биде формирана за фабриката во Валенсија.

Претставник на Пауер Ко напомена дека компанијата нема намери да ја препушти контролата врз фабриката.

До објавата на шпанскиот економски магазин

Gotion, con negociaciones avanzadas para tomar el control de Powerco Sagunto

 

Претходна објаваТрамп се гледа како спасител на автомобилската индустрија во САД
Следна објаваБИД ќе им продава микроавтомобили во Јапонците, нивна специјалност

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here