за

Јапонската амбасада во Берлин тестира Toyota на водород

Јапонската амбасада во Берлин тестира Toyota Mirai на водород
Јапонската амбасада во Берлин тестира Toyota Mirai на водород

Јапонија се залага за масовно воведување на водородниот погон во возилата. Од Toyota Mirai досега се произведени повеќе од 10.000 примероци, за наследникот се ветува трипати поголема продукција. Останува само стратешка изградба на мрежа од станици за точење водород. Јапонскиот амбасадор во Германија го тестираше автомобилот од својата земја.

Кога треба да се патува подалеку со автомобил што користи погон само на струја, мора однапред да се испланираат попатни паузи, заради полнење на батеријата. Тоа не е потребно, кога место батерија, возилото користи резервоар со чист водород под притисок. Toyota веќе подолго време ја нуди лимузината Mirai со водороден погон и досега има испорачано повеќе од 10.000 примероци од моделот во светски рамки.

Суштинската предност на автомобилите со погон на водород во споредба со електричните, односно „батериските“ автомобили, е во тоа што досегот со едно полнење е споредлив со возилата со обичен погон. Но, истото важи и за времетраењето на полнењето. За резервоарот да се наполни со водород, доволни се три до пет минути.

Водородните автомобили осто така се електрични, но место батерија, имаат резервоар со вододор – кој се полни за три минути… под услов да постои станица за точење водород во близина

Водородот стапува во хемиска реакција, при којашто се создава електричен напон, односно струја. Таа понатаму се користи за напојување на електромоторот. Во Toyota Mirai работи електромотор со моќност од 113 киловати, односно 154 КС. Со полн резервоар со водород, лимузината од средната класа вози реално до 500 километри без потреба за дополнување „гориво“.

Јапонија повторно создава технолошка предност и стратешки вложува и планира во интерес на вородорниот погон. Според Toyota, водородот е носечки во актуелната енергетска пресвртница. Но, дали водородот е применлив и во другите држави? Одговор на тоа прашање бараше јапонскиот амбасадор во Германија, неговото височество Такеши Јаги. Амбасадата во Берлин во минатите две седмици тестираше Toyota Mirai во својот возен парк.

„Јапонија е на пат да прерасне во водородно општество. Многу ме радува тоа што можам да ја тестирам технологијата во Германија и да се уверам во нејзината применливост во секојдневието. Берлин со своите пет станици за точење водород е одлична база за примена на оваа технологија. Германија и Јапонија треба да продолжат да ја унапредуваат соработката на ова поле“, изјави јапонскиот амбасадор Такеши Јаги.

Toyota веќе го претстави прототипот на новата генерација на Toyota Mirai. Со унапредувањето на производството на модулите од горивни ќелии (таму се одвива хемиската реакција), Toyota планира новиот Mirai да го произведува во 30.000 примероци годишно.

New item by Automedia MK / Google Photos

Европските парламентарци две недели ќе тестираат водородна Toyota Mirai

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германија бара ограничување на бучавата од мотоциклите

Германија бара ограничување на бучавата од мотоциклите

Електрична лимузина од BYD наскоро во продажба во Европа

Електрична лимузина од BYD наскоро во продажба во Европа