за

Електрична лимузина од BYD наскоро во продажба во Европа

Електрична лимузина од BYD наскоро во продажба во Европа
Електрична лимузина од BYD наскоро во продажба во Европа

Кинескиот производител на електрични автомобили и автобуси BYD планира на европскиот пазар да понуди лимузина од средната класа, како конкурент на Tesla Model 3.

BYD очигледно има планови за наскоро да започне со продажба на електричната лимузина Han на европскиот пазар. Моделот од средната класа требаше да биде претставен пред европската публика уште во април, но премиерата беше одложена поради корона-кризата. Плановите само се поместија, BYD Han сепак ќе ја доживее својата премиера во видно време.

Кинескиот гигант во автоиндустријата ја објави и ценовната рамка во којашто ќе го нуди својот модел во Европа. Основната цена на Han ќе се движи меѓу 45.000 и 55.000 евра. BYD не објави во кои европски држави прво ќе ја понуди електричната лимузина. За електричниот СУВ-модел Tang се очекува да стартува со продажба во Норвешка уште во текот на годинава.

Нема конкретен датум за европската премиера на Han. Што се однесува до домашниот пазар, BYD потврди дека лимузината ќе биде достапна во Кина од јули. Според производителот, Han ги исполнува истите стандарди како луксузните модели од европска продукција.

BYD Tang EV600
BYD Tang EV600

Во поглед на цената, BYD Han ќе биде позициониран покрај лимузината од средната класа Tesla Model 3. Нова батериска техника ќе овозможи досег до 600 километри, според старата норма.

BYD има впечатливо присуство на европскиот пазар на електрични автобуси, кадешто марката се цени како водечка во сегментот.

Холандија нарача 259 електрични автобуси од кинескиот BYD

Холандија нарача 259 електрични автобуси од кинескиот BYD

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јапонската амбасада во Берлин тестира Toyota Mirai на водород

Јапонската амбасада во Берлин тестира Toyota на водород

Автопатот во Египет што минува директно пред прозор

Автопатот во Египет што минува директно пред прозор