Европските парламентарци две недели ќе тестираат водородна Toyota Mirai

Европските парламентарци две недели ќе тестираат водородна Toyota Mirai
Европските парламентарци две недели ќе тестираат водородна Toyota Mirai

Возниот парк на Европскиот Парламент се збогати со Toyota Mirai. Лимузината што користи водород како погонско гориво во следните две седмици ќе им стои на располагање на европските парламентарци за возење во поширокото подрачје на Брисел, како и на релација од Брисел до Стразбур.

Целта на Toyota со отстапувањето на Mirai на користење од страна на Парламентот на ЕУ е политиката повеќе да се посвети на возилата што не испуштаат штетни материи, како и на изградба на соодветна мрежа од станици за точење водород.

Постојано расте интересот на јавноста околу технологијата на водородниот погон. Таа може да даде огромен придонес за намалувањето на емисијата на СО2 од сообраќајот и во останатите подрачја, во коишто не може да се примени електрификацијата. Електричните возила со погон со горивни ќелии, какво што е Toyota Mirai, испуштаат само вода и одговараат за интензивно користење и за патување на подолги релации.

Возилото на тест кај парламентарците ќе полни водород на станицата за точење на Air Liquid, којашто е поставена во рамките на техничкиот центар на Toyota во Завентем, во близина на Брисел. За турите до Стразбур ќе се користи мрежата од станици за точење водород на H2 Mobility.

Претходна објаваSkoda Rapid уште вози во Кина и доби моделско освежување
Следна објаваЕлектричните автомобили издржуваат најтешки краш-тестови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here