Toyota Hilux од готови модули за пазарот во поранешна Бурма

toyota hilux myanmar
toyota hilux myanmar

Неуништливиот пикап на Toyota покажува уште едно квалитетно својство. Во погон со 130 работници ќе се врши монтажа на Hilux од готови модули, наменет за локалниот пазар во Мјанмар, поранешна Бурма.

Toyota ќе основа фабрика на автомобили во Мјанмар, во којашто од 2021 година ќе започне локално производство на пикапот Hilux. Економијата во земјата се развива исклучително брзо, па соодветно расте и автомобилскиот пазар. Лани во Мјанмар се продадоа 18.000 возила, или двојно повеќе отколку во 2017 година. Toyota моментно ги нуди Hilux, Vios, Rush и други свои робусни модели што се соодветни за патните услови во земјата, но возилата доаѓаат првенствено од увоз, што дополнително ја оптоварува нивната цена.

Веќе од следниот месец, локалниот огранок Toyota Myanmar Co.Ltd., ќе започне со посебни понуди што ќе овозможат натамошно зголемување на продажбата, како подготовка за пазарот што ветува голем раст во следните години.

Новата фабрика ќе се гради во слободната економска зона Тилава, јужно од Јангон, најголемиот метрополис во земјата. Инвестицијата изнесува околу 53 милиони долари. Во фабриката ќе работат околу 130 лица. Планираната годишна продукција изнесува околу 2.500 возила, со примена на таканаречена SKD-метода на монтажа (semi knock-down). Стартот се планира за 2021 година.

Топ 25 модели во април: Toyota Corolla со +25% во продажбата

Оваа лимузина е Toyota и за Lexus

Toyota си произведува и водород за своите водородни возила

Која е најстарата генерација на Toyota Corolla што ја знаете „во живо“?

Претходна објаваСпојување на Renault и Fiat веќе во следната недела
Следна објаваGolf VIII ќе има светска премиера во октомври

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here