120
17 shares, 120 points

Новите генерации модели и новата хибридна техника во Toyota дефинитивно влијаат и врз расположението, во позитивна смисла секако. На јутјуб е објавено видео, во коешто германските домаќини на Toyota ги опејуваат предностите на хибридниот погон, на беспрекорно раперски германски јазик.

Ова е уште едно видео што со сигурност ќе се гледа повеќе од еднаш, а помалку од илјадапати, но не само поради тоа што малкумина ќе го разберат значењето на германските зборови во истото.

Дирк Броер досега има објавено на јутјуб повеќе видеа околу возилата и техниката на Toyota, меѓутоа малку од тоа ќе допреше подалеку во светот, без најновото видео. Хер Броер, инаку, е на функција на претседател на работничкиот совет во „германската“ Toyota.

„Тој ги може двете“ е насловот на раперското видео – се мисли на тоа дека хибридот ги може и двете работи

Хумористичната нишка е главно обележје во видеото со наслов „Er kann beides“ или, во слободен превод, „тој (хибридот) ги може двете“. Да нема заблуди, бидејќи во врвно продуцираното видео се појавуваат и две прекрасни црнки, се мисли на тоа дека хибридот може и бавно и брзо, и гласно и тивко, и вака и така.

Се спомнува и тоа што со „самополначкиот“ хибрид на Toyota не мора да се води грижа околу резервата од Адблу или да се бара најблискиот полнач за струја. Нема ниту скандали, ниту забрани за пристап во градските подрачја со заштитена животна средина.

Според студија спроведена на Универзитетот Џуљиелмо Маркони во Рим, хибридните модели на Toyota во најдобар случај извозуваат до 79 проценти од градската тура само со енергијата во батеријата.

Ние во меѓувреме го направивме и првото тест-возење на Toyota Corolla во лимузинска изведба и со хибриден погон.

И, фамозното видео:


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

120
17 shares, 120 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *