Ирска годинава доби највисок индекс за нивото на сообраќајната безбедност во европски рамки. Европскиот совет за безбедност во транспортот секоја година ја одликува земјата што постигнала најголем напредок во подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, вклучувајќи стратешки пристап за надминување на проблемите околу безбедноста.
Ирска има втор најбезбеден сообраќај од земјите членки на ЕУ во 2018 година, во поглед на бројот на загинати на еден милион жители. За осум години, земјата напредуваше за пет места. Во споредба со 2010 година, бројот на загинати лица е смален за 30 проценти. Во истиот период, повеќето држави за коишто се сметаше дека имаат висока безбедност во сообраќајот, забележија зголемување на смртноста по патиштата. Таков е случајот со Шведска или Холандија.
Во последните неколку години беа преземени стратешки мерки за спречување на брзото возење, како и возењето под дејство на алкохол. Според Советот, Ирска треба да продолжи во подобрувањето на безбедноста на велосипедистите. Доколку сите држави во ЕУ ги преземат мерките за подобрување на безбедноста од Ирска, тогаш бројот на загинати во Европа би се намалил за 40%.
Бројот на загинати во ЕУ и натаму е на високо ниво, со 500 загинати секоја недела, што е исто како секоја недела да се уриваат по три авиони Boeing 737.
Индексот на смртност во сообраќајот во Македонија за 2018 година изнесува околу 63
Според државната статистика, во Македонија во 2018 година имало 133 загинати лица во сообраќајни незгоди. Тоа дава индекс на смртност во сообраќајот 63,3. Тоа е бројот на загинати на еден милион жители. Според овој индекс, во споредба со вредностите на членките во ЕУ и останатите европски држави, Македонија недвојбено се вбројува меѓу земјите со најопасен сообраќај.
Романија е „водечка“ во бројот на загинати, но и останатите блиски и соседни држави имаат висок индекс на смртност. За споредба, бројот на загинати на еден милион жители во Норвешка е близу петпати понизок отколку во Романија или Бугарија.
https://photos.app.goo.gl/e4iJoB6JpNCbMQBB8
Безбедноста осум децении е врвна наука во Mercedes
Volkswagen тестира Golf без возач по улиците на Хамбург
Безбедното растојание при возење не смее да се потценува
















