за

Autocar ја прогласи Ford Fiesta ST за најдостапен „возачки“ автомобил

ford fiesta st nagrada autokar
ford fiesta st nagrada autokar

Британскиот магазин Autocar ја прогласи Ford Fiesta ST за најдостапен автомобил за уживатели во возењето. Оцената се темели врз четиримесечното искуство на ценетиот магазин во секојдневно возење на спортската изведба на Fiesta.

Под хаубата на Ford Fiesta ST работи 1,5-литарски EcoBoost со три цилиндри и моќност од 200 КС. Спринтот до темпо сто трае 6,5 секунди, крајната брзина изнесува 144 милји на час. Autocar дава оцена за моторот: „Тој не само што е моќен, туку и штеди. Исклучувањето на еден цилиндар, што е првпат кај трицилиндарски мотор, ја подобрува штедливоста при ниски вртежи. За повторно активирање се доволни 14 милисекунди, што е 20 пати побрзо од трепнување.“

Ford Fiesta ST ја освои наградата во конкуренција на автомобили вредни и повеќе од 35.000 евра

Следат пофалби и за подвозјето, а со тоа и за возните својства: „Системското нежно сопирање на предното тркало од внатрешната страна на свијокот при влегување во истиот, значително го смалува подуправувањето, додека опционалниот диференцијал со блокада го смалува пролизгувањето на тркалата под дејство на силата на моторот.“

Најголемата пофалба од британските автомобилисти е во тоа што сметаат дека Fiesta вози како смален суперавтомобил. Опременоста исто така остава одличен впечаток, со седишта Recaro, спортски волан со зарамнета основа или средишен дисплеј од 8 инчи.

Лео Рекс, директор на Ford Performance за Европа, уверува дека наградата од Autocar не е случајност: „Фановите на спортските модели од градската класа очекуваат големи работи од Fiesta ST. Ние го применивме наученото од нашите најнови модели, меѓу кои Focus RS и Ford GT, со цел да конструираме сосем нова Fiesta ST што ќе поставува нови мерила во својата класа.“

Врска до објавата на Autocar:

https://www.autocar.co.uk/car-news/advertising-promotion/promoted-ford-fiesta-st-britain%E2%80%99s-best-affordable-driver%E2%80%99s-car

Ford Focus, најпродавани модели Германија

Тест: Ford Focus 1.0 125 КС Titanium Business

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota хибриден рап

Не се пропушта: Хибриден рап за Toyota

Ferrari 250 GTO на наддавањето во Монтереј

Судот одлучи: Ferrari 250 GTO е уметничко дело