128
18 shares, 128 points

Првпат во историјата, дизајн на автомобил стекнува статус на уметничко дело. На тој начин се заштитуваат авторските права врз изгледот на Ferrari 250 GTO и секаков обид за клонирање подлежи на одговорност пред законите.

На престижниот автомобилски собир во Монтереј, лани во август, Ferrari 250 GTO со број на шасија 3413 го смени сопственикот за 41,6 милиони евра. Тоа беше највисоката цена што автомобил ја достигнал на јавно наддавање. Но, овој Ferrari 250 GTO не е само најскап автомобил во светот, туку и вистинско уметничко дело. За последново постои и најофицијален документ.

Суд во Болоња одлучи дека возилото е уметничко дело од индустрискиот дизајн. Тоа значи дека се заштитени авторските права и секаков обид да се направи плагијат станува казнено дело.

Првпат во историјата се признава авторското право врз дизајн на автомобил, односно првпат автомобил стекнува статус на уметничко дело. Ferrari поднесе барање за заштита на дизајнот на 250 GTO од плагијати.

Ferrari 250 GTO не е единственото италијанско возило со статус на уметничко дело и заштени авторски права

Постои уште едно култно возило од Италија, на коешто му се признава дека е уметничко дело на индустрискиот дизајн. Со напомена дека не станува збор за автомобил, лесно е да се погоди дека тоае Vespa. Заштитените авторски права се базираат врз судско решение коешто го донесе суд во Торино, во 2017 година. Правото важи за сите моделски изведби на Vespa што се произведени од 1948 година наваму.

Судот на тој начин донесе забрана за кинеската компанија Zhejiang Zhongneng да продава клонови на легендарната Vespa среде Италија. Кинезите произведуваа модел под ознаката Ves, кој изгледаше мошне верно со оригиналот. Тогаш Vespa поднесе тужба против кинеската групација.

Ferrari доаѓа со две премиери во Гудвуд

Музејот на Ferrari одбележува 90 години на „Скудерија“

Ferrari SF90 Stradale со четири мотори и 1000 КС


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

128
18 shares, 128 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *