за

Toyota, Ford и GM си заминуваат од Австралија

Најголемите производители на автомобили го напуштаат петтиот континент. Наскоро Австралија ќе остане без ниту еден производител. Бројната работна сила ќе остане на улица.

Такви сцени имаме гледано во легендарната филмска серија „Лудиот Макс“ со Мел Гибсон. Улици без луѓе, побеснети мотоциклистички банди и борба до нож за последната капка бензин. Лудиот Макс во филмот вози австралиски мускулест автомобил Ford Falcon XB од 1973 година. Освен во сцените од филмот, катаклизмичното сценарио во последно време почна да станува реалност за производителите на автомобили во Австралија. Сите ја напуштаат земјата.

По американските концерни General Motors и Ford, денес и јапонскиот производител Toyota најави дека планира да ја стопира продукцијата во Австралија. Фабриката во Мелбурн ќе продолжи да работи до 2017 година, а потоа не и се знае судбината. Околу 2.500 работници ќе бидат отпуштени. Тогаш петтиот континент ќе остане без ниту еден поголем производител на возила. Експертите предвидуваат дека 50.000 лица ќе останат без работа, ако се земат во предвид и погоните на добавувачите на авто индустријата. Целата мрежа од добавувачи зависи од трите големи производители.

Toyota го образложи чекорот со исклучително острата конкурентска битка на расфрлениот австралиски пазар на автомобили, со високите трошоци за производство и со силниот австралиски долар. За јапонскиот производител стана неисплатливо да произведува во Австралија.

На пазарот во земјата се присутни преку 60 марки на автомобили, кои имаат пазарен волумен од 1,1 милион возила на годишно ниво. За споредба, во САД се присутни 38 марки, за 15 милиони купувачи. Во последните неколку децении Австралија претрпе удари и од блискоста до азискиот регион, каде што производството на автомобили е значително поевтино. Повлекувањето на Toyota, Ford и General Motors од австралискиот пазар ќе значи и крај за моделите што се продаваа само локално, како легендарниот спортски пикап Holden Ute.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Captur е СУВ на годината во Македонија

Триумф на Renault Captur во изборот на СУВ за 2014 година

Seat Leon Cupra се мести за трка со 280 КС