Toyota в понеделник ги стартува фабриките во Британија и Турција

Toyota фабрики во Британија и Турција
Toyota фабрики во Британија и Турција

Европскиот огранок на Toyota в понеделник (11-ти мај) ќе го врати производството во уште две фабрики, по претходното рестартирање на погоните во Франција и Полска.

Фабриката на Toyota во Сакарија, Турција, повторно ќе ги отвори портите за своите вработени на 11-ти мај, при што тие прво ќе бидат упатени во новиот протокол, којшто им обезбедува заштита на работното место во услови на пандемијата. Производството ќе стартува веќе во вторник (12-ти мај) со смален капацитет, по што ќе следи постепено зголемување на продукцијата, зависно од побарувачката на пазарот. Во TMMT се произведуваат популарните модели Toyota C-HR и лимузинската изведба на Corolla.

Паралелно со фабриката во Сакарија ќе стартуваат и погоните во Велс, Велика Британија. Во фабриката во Дисајд се произведуваат бензинските и хибридните мотори, кои понатаму се испорачуваат за Турција и се вградуваат во моделите од тамошната продукција. Вработените во Велика Британија ќе имаат на располагање два дена, за да се запознаат и да свикнат на новите услови на работа, во средина што им обезбедува заштита на здравјето.

Одлуката за повторно отворање на фабриките проследи по разлабавувањето на ограниченото движење во повеќе европски држави и од страна на регионалните власти, што овозможи повторно да се отворат и продажните салони, а со тоа да продолжи и продажбата на возила. Враќањето на производството на претходното ниво ќе се одвива постепено.

Во некои од останатите фабрики ќе се чека разлабавување на мерките за ограничено движење

Работата во фабриката во Дисајд беше запрена на 18-ти март, а три дена подоцна во мирување се стави и фабриката во Турција. Остануваат уште неколку погони во мирување. Во втората фабрика на Toyota во Велика Британија, во Бурнастон, производството на Corolla со пет врати и на комбито Touring Sport ќе мирува уште неколку недели, исто како и во фабриките во Чешка (Toyota Aygo) и во Ст. Петерсбург, Русија (Camry and RAV4). Во дел од овие фабрики се чека попуштање на мерите за ограничено движење од страна на властите.

Претходните искуства со враќањето на производството во Франција и Полска ќе овозможат процедурата да мине беспрекорно и во следниот круг.

Дел од мерките за заштита во фабриките на Toyota
  • Одржување растојание, почитување на знаците на подот и на знаците за движење во една насока
  • Редовно и целосно миење и дезинфекција на дланките
  • Задолжително користење маски (се доделуваат на влезот во самата фабрика)
  • Зачестено чистење на заедничките простори
  • Рестораните имаат ограничена понуда или се затворени, се користи еднократен прибор

Toyota Corolla шампион во задржување на вредноста

Тест: Toyota Corolla Touring Sports 2.0 Hybrid Luxury
Тест: Toyota Corolla Touring Sports 2.0 Hybrid Luxury

Претходна објаваОва комбе ги лови штетните честички на лице место
Следна објаваПрв Lexus на струја и 10 години гаранција (и милион километри)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here