Toyota повторно произведува во фабриката во Чешка

Toyota повторно произведува во фабриката во Чешка
Toyota повторно произведува во фабриката во Чешка

Фабриката на Toyota во Чешка од денес продолжува со работа, откако производството беше ставено во мирување поради пандемијата. Од следната година, погоните во Колин преоѓаат во целосна сопственост на јапонскиот концерн.

Третиот голем производител на автомобили во Чешка, oд денес повторно е активен. Од заедничката фабрика на Toyota со францускиот PSA, специјализирана за триото Aygo-108-C1, во следните денови повторно ќе излегуваат автомобили. Во првите денови, вработените ќе се запознаваат со новите мерки за хигиена. Фабриката се наоѓа во Колин, на околу 60 километри источно од Прага.

Производството беше ставено во мирување на 19-ти март, поради корона-пандемијата и заштитните мерки што ги прогласи чешката влада. Во иднина, покрај триото Aygo-108-C1, во Колин ќе се произведува и хибридната изведба на новата Toyota Yaris, со што ќе се излезе во пресрет на големата побарувачка за оваа погонска варијанта меѓу европските возачки и возачи.

Во Чешка од денес е на сила третиот бран на разлабавување на мерките против корона

Toyota за таа цел ќе вложи дополнителни 180 милиони евра. Од јануари 2021 година, фабриката целосно ќе му припадне на јапонскиот концерн, но и натаму ќе се произведуваат моделите за PSA. Покрај Toyota, во Чешка произведува и домашната Skoda, како и Hyundai. Тие се вратија во погон пред извесно време.

Во земјата од денес се стапува на сила третиот генерален бран на разлабавување на мерките против корона. Носење заштита за устата на отворен простор повеќе не е задолжително, но таа мора да се постави при влегување во продавница. Кафулињата, рестораните и баровите повторно примаат гости во внатрешниот простор. Хотелите и пансионите, исто како и базените, повторно работат. Моментно постои забрана за влез за странски туристи, но според најавите на чешките власти, таа ќе престане да важи во средината на јуни.

Toyota Aygo во лето доаѓа со храбри комбинации од бои

Toyota Aygo 2020
Toyota Aygo 2020

Претходна објаваMercedes S-Class пристига годинава, први детали за изгледот
Следна објаваPorsche на еден час „рента“ станува барана услуга

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here