Toyota Aygo во лето доаѓа со храбри комбинации од бои

Toyota Aygo 2020
Toyota Aygo 2020

Toyota Aygo од летово ќе биде достапен во освежено моделско годиште. Врвот во гамата на Aygo ѝ припаѓа на изведбата x-JBL, со врвно озвучување со 600 вати. Во стандардната опрема на оваа верзија влегува и пакетот безбедносни системи Toyota Safety Sense, па и автоматска клима.

Примероците од Toyota Aygo што ќе почнат да се испорачуваат во јуни, стандардно ќе поседуваат радио со DAB+ за врвен квалитет на звук. Покрај тоа, сите моделски изведби ќе ја исполнуваат издувната норма Euro 6d-ISC-FCM, којашто ќе биде задолжителна од јануари 2021 година. Темпераментиот трицилиндарец со зафатнина од 1,0 литар и моќност од 72 КС, ценет е по релативно динамичните перформанси, во комбинација со ниска потрошувачка на гориво.

Во земјите во коишто е достапно MyT Connected Services, корисниците ќе можат да ја користат апликацијата за iOS и Android за да го лоцираат возилото, а истата ќе им служи и како навигатор при одење пеш. Преку апликацијата може да се добие и преглед на податоците од возењето, како што е брзината, забрзувањето или километражата, а се добива и увид во датумот на следниот сервис.

https://photos.app.goo.gl/LvoRaH6vFd2Rb8kw7

Корисна опција со MyT Connected Services е пристапот до ACN (Automatic Crash Notification) и до сензорите што регистрираат потрес на возилото. Доколку возило удри во Aygo на паркиралиште, сопственикот ќе добие навремено известување за тоа преку апликацијата MyT за да може да интервенира.

За верзијата Aygo x-clusiv, отсега може да се избираат и други комбинации од бои, покрај кјото-сина со покрив во црна боја. Меѓу комбинациите се кармин-црвена со црн покрив или полноќно-црна со покрив во кармин-црвена боја. Уште една интересна опција за оваа ексклузивна изведба на Aygo е Red-Pack Canvas, со каросерија во црна боја и електричен платнен покрив во црвена боја.

https://photos.app.goo.gl/v2fuch7EwmNnRSLv8

Еден тест од многу одамна…

 

Претходна објаваMercedes пред 25 години го воведе системот ESP
Следна објаваРетки модели на BMW од колекцијата на Џеј Кеј на аукција

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here