за

Porsche на еден час „рента“ станува барана услуга

Porsche на три часови „рента“ стана мошне популарна услуга

Можноста да се вози автомобил Porsche на време од еден час до 28 денови очигледно им се допаѓа на фановите на Porsche ширум светот. На неколкуте поголеми градови во коишто се нуди премиум-услугата Porsche Drive, се придружува и Лајпцих.

Кога големите марки најавуваат понуда на нови услуги за своите корисници, тогаш мислат и на ова: Porsche Drive е премиум-рентакар директно од производителот. Услугата е прифатена одлично, и од јуни, таа ќе биде достапна во уште еден германски град, во Лајпцих. Возилата се во сопственост на фабриката и се дел од демо-возниот парк.

Автомобилите може да се изнајмат во кое било времетраење меѓу еден час и 28 денови. Услов за регистрирање за оваа услуга е возраст од најмалку 25 години и поседување возачка дозвола најмалку пет години. За букирањето и наплатата е потребна кредитна картичка. Возилата се преземаат и се враќаат од центарот за клиенти во фабриката на Porsche во градот. Цената на изнајмувањето не е ниска, но и уживањето не е мало: Старт од 99 евра за еден час. Цената зависи и од моделот што се избира за возење. Една седмица во Porsche 911 чини 2.599 евра, со вклучени 1.500 километри.

Расте интересот за новите услуги за мобилност

Спортската марка на овој начин излегува во пресрет на сменетите барања на клиентите и на трендот на индивидуален избор по дигитален пат. Porsche Drive стартуваше првпат во 2014 година, во музејот на марката во Штутгарт. Услугата денес е достапна и во Франција, Швајцарија, Јапонија и САД.

Porsche Drive може да биде и подарок (линкот води до страната за резервирање, услугата уште не е достапна кај нас)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota повторно произведува во фабриката во Чешка

Toyota повторно произведува во фабриката во Чешка

Kia Rio моделско освежување 20

Kia Rio доби освежување, повеќе техника отколку козметика