за

Toyota од магацинот во Белгија испорачува 60 милиони делови годишно

Европскиот центар за делови на Toyota годинава одбележува три децении постоење. Комплексот во Белгија е најголем капацитет на марката од таков вид, надвор од Јапонија.

Повеќе од 60 милиони парчиња резервни делови и прибор за возила се испраќаат од центарот за делови на Toyota во белгискиот Дист на сите страни ширум Европа. Деловите се испраќаат уште вечерта по пристигањето на нарачката. Посебно се внимава клиентите да бидат задоволни, меѓу другото и со гаранција дека делови за нивниот модел ќе бидат обезбедени до 21-та година по престанокот на производството на тој модел.

Деловите и приборот се срцето на доброто производство на автомобили и за долговечноста на возилата. Тоа го порачуваат од центарот за делови на Toyota во белгискиот Дист. Центарот е отворен во 1992 година, и имаше проширување во 1999 и 2006 година. Белгија се докажа како стратешки играч за Toyota во Европа, во последните 30 години,

Комплексот денес опфаќа 100.000 метри квадратни, наспроти 38.000 метри квадратни во почетокот. Во 1992, TPCE испорачуваше до 17 пазари. Денес повеќе од 60 милиони делови и прибор се дистрибуираат преку 13 регионални депоа, до повеќе од 2.400 дилери во 44 европски држави.

Директно од центарот се снабдуваат 625 дилери во Белгија, Холандија, Луксембург, на северот на Франција, со повеќе од 3.000 локации. Белгискиот центар секако испорачува и за останатите региони ширум светот, односно за Јапонија, Северна Америка, Азија и други.

Деловите имаат најразлична големина и форма, од браници и гуми, до запчест ремен и батерија за клуч. Во просек, дневно се добиваат и испорачуваат околу 250.000 делови и прибор. За овој транспорт да се изврши, дневно во центарот влегуваат преку 200 камиони и се упатуваат до одредиштата ширум Европа.

Начелото на дејствување на Toyota во испораката на делови гласи: Ако дилерот го нарача делот до 4 часот попладне, тој ќе пристигне веќе следното утро. Залихите се одржуваат на најмала можна мера. Уште една обврска на логистиката е делови за возилата да бидат обезбедени до 21 година од престанокот на производство на одредениот модел.

Од 80 вработени во 1992, денес во центарот работат 1.100 лица. Центарот во Дист е најголем вработувач во регионот, со работници од 18 нации. Воспоставена е соработка со непрофитната организација Blankendale, чијшто 20 членови со инвалидитет се ангажирани во пакувањето делови во центарот TPCE.

Од 2010 година, покривите на центарот се покриени со соларни панели со површина од 80.000 метри квадратни. Лани тоа донесе заштеда од 212 тони СО2.

Toyota пред 65 години почна да продава автомобили во САД

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Секој трет ресторан покрај германскиот аутобан има полначи за е-автомобили

Peugeot пред 30 години почна да се продава во Бразил