за

Peugeot пред 30 години почна да се продава во Бразил

Времето минува брзо како Peugeot e-208 GT. Марката со лавот официјално се продава во Бразил од 1992 година. Големиот пазар дотогаш беше затворен за увозните марки

Бразил почна да вози Peugeot господски. Првиот модел што Французите го продаваа таму беше Peugeot 505. Претставителната лимузина се произведуваше во Аргентина, но во тоа време во Бразил не можеше да се увезе автомобил од странство. Еден договор го најави скорото пристигање на марката со лавот на бразилскиот пазар.

Во септември 1988 година, групата Monteiro Aranha потпиша договор со Peugeot. Договорот имаше за цел да се искористат предностите на спогодбата за трговија, со којашто се овозможи во земјата да се увезуваат автомобили од Аргентина. Тоа го означи стартот на продажбата на Peugeot 505, којшто се произведуваше во Паломар, во фабриката Sevel (локална соработка меѓу Fiat и Peugeot). Францускиот производител имаше поголеми планови.

Во јуни 1990 година, застапниците на марката одржаа состанок со економскиот тим на владата на Колор. Уште на првите преговори се зборуваше за изградба на фабрика.

Peugeot во првата фаза вложи 20 милиони американски долари. Французите поседуваа 70% од бразилската компанија, останатите 30 проценти припаѓаа на групата Monteiro Aranha. Првите возила пристигаа во салоните веќе во август 1992 година.

Два салони беа отворени во Сао Пауло, а на излозите пишуваше „Dirija-se ao 1º mundo“, односно „дојдете кај првиот во светот“

Понудата на Peugeot почнуваше со моделот 205 SX, задвижуван од 1,4-литарски бензинец со 75 КС. Автомобилите пристигаа од Уругвај и уживаа даночно олеснување. Од Франција се увезуваа спортскиот GTI и кабриолетот CTI. Во Бразил немаше побрз и постартен автомобил од GTI, со 1,9-литарец со 130 КС и спринт до темпо сто за помалку од девет секунди.

По една година од стартот во Европа, на бразилскиот пазар пристигна уште еден малечок модел, Peugeot 106. Автомобилите се увезуваа од Франција, исто како и најлуксузниот примерок на марката, Peugeot 605 SV 3.0 V6 со 170 КС.

Долгата лимузина од 4,72 метри одушевуваше со автоматскиот клима уред, со електричното местење на седиштата и грејачите во нив. Реткост во тоа време беа и електричното ракување со сончевиот покрив, патниот компјутер, и ЦДплеерот.

Главни носители на имиџот сепак беа моделите од Аргентина, лимузината 505 и неуништливиот пикап, Peugeot 504, со дизел мотор и носивост од 1,3 тон.

Неколку години по стартот на продажбата на Peugeot, сцената ја очекуваше сензацијата од Франција, новиот Peugeot 405, којшто во Европа ја понесе титулата на автомобил на 1988 година. Тоа беше третата моделска серија што се увезуваше од Франција. Кусо пред стартот во Бразил, француската марка ги покани новинарите од Бразил, да го запознаат моделот на тест возења во регионот на Бургундија.

Врв во моделското семејство на „405“ беше изведбата Mi16, со дволитарски 16V-мотор, со моќност од 160 КС и со напредни технологии, меѓу другото со посебна „бобина“ за секој цилиндар. Ова решение беше докажано во мотоспортот.

За своето прво големо појавување пред бразилската публика, на салонот во Сао Пауло во 1992 година, Peugeot избра токму тркачка машина. Изборот падна на Peugeot 405 T16 Grand Raid, со турбонатполнење и со 400 КС, автомобил со којшто Ари Ватанен победи во 1989 и 1990 година на најпредизвикувачките трки. Во тоа време Peugeot веќе работеше на електрификација. На салонот беше прикажан прототип на Peugeot 205 CTI Cabriolet – со електричен погон.

Во следната година, Peugeot веќе имаше 25 салони во Бразил.

Ексклузивната серија од Peugeot 408 во Италија се распродаде за две недели

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota од магацинот во Белгија испорачува 60 милиони делови годишно

Европа и САД до 2030 година ќе ја надминат зависноста од батерии од Кина