за

Ексклузивната серија од Peugeot 408 во Италија се распродаде за две недели

Увозникот на Peugeot во Италија веќе ги продаде педесетте луксузни примероци наменети за тамошниот пазар, од моделот 408 што јавноста првпат ќе го види во живо дури на салонот во Париз.

Екскузивната серија од Peugeot 408 First Edition, којашто ќе се понуди во само 300 примероци во само неколку држави и ќе биде достапна само онлајн, во Италија веќе е распродадена. Педесетте примероци од серијата што практично постила црвен тепих пред официјалната премиера на купе-кросоверот, се продадоа во земјата за помалку од две недели.

Тоа е своевидно признание за дизајнот на Peugeot 408, кога италијанскиот пазар покажува толкав интерес, што специјалната серија од моделот не „издржа“ да остане во понуда до премиерата на претстојниот салон во Париз. Купе-кросоверот се продаде онлајн за одвај две седмици.

First Edition е специјална серија што се испорачува само со најсилната моторизација, односно со приклучен хибриден погон со системски 225 КС. Со тоа оди и врвен пакет на опрема, заедно со екстра ставки што дополнително ја зголемуваат противвредноста на автомобилот.

Купувачите што го нарачаа Peugeot 408 воопшто го немаат видено автомобилот во живо, затоа што светската премиера ќе се одржи на салонот во Париз, во периодот од 17-ти до 23-ти октомври.

Педесетте примероци од ексклузивниот Peugeot 408 FIRST EDITION ќе бидат испорачани во почетокот на следната година. Купувачите можеа да избираат меѓу два подароци, едниот е домашен електричен полнач, другиот е ваучер за користење на јавните полначи во одреден период.

Целата серија е во „опсесивно сина“ боја, што е ексклузивна за 408 и нејзин е заштитен знак. Предната маска е целосно лакирана, тркалата имаат пречник од 20 инчи, предните светла користат матрична диодна техника, седиштата се местат електрично, имаат масажа, греење и признание од германски ортопеди, воланот исто така се загрева. Во кокпитот на Peugeot секако дека не смее да отсуствува i-Cockpit® 3D во стилот на 308, заедно со говорни команди и напреден инфо забавен систем i-Connect.

Дизајнерите на Peugeot постигнаа вистински погодок со спојот од класични купе-форми, СУВ-елементи, лимузинска елеганција, заедно со „лавовските обележја“ што ги поседува секој модел од марката. Французите посебно ја издвојуваат просторноста на задната клупа, како и практичноста на багажникот.

Во меѓувреме и Еуроимпекс сé почесто го спомнува новиот Peugeot 408 во својот настап пред публиката, македонската премиера на овој модел секако ќе биде уште еден настан што не се пропушта.

Peugeot 408 е автомобил што игра надвор од правилата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рекорден собир на Mazda MX-5 во Италија

Фабриките на Volvo во Кина се враќаат во погон

Новиот знаменосец EX90 ќе биде најбезбеден Volvo на сите времиња