за

Рекорден собир на Mazda MX-5 во Италија

На тркачката патека Модена во Италија се одржа најголемиот собир на автомобили Mazda.

Mazda го поправи сопствениот запис во Гинисовата книга на рекорди. Новиот рекорд се 707 автомобили Mazda MX-5 собрани на едно место.

Во изминатиов викенд, 707 автомобили Mazda MX-5 заеднички возеа круг на тркачката патека Модена во Италија и поставија нов Гинисов рекорд. Вредноста на рекордот е нова, но носителот на титулата е ист. Во 2013 година, во Холандија се собраа 683 возила. Потребно беше да мине речиси една деценија, за тој рекорд да се урне.

На собирот учествуваа возила од сите четири генерации на Mazda MX-5. Колоната возила се пушти по прочуената тркачка патека, под будното око на судиите на Гинисовите светски рекорди. Рекордот беше официјално признаен во 6 часот попладнето. На настанот присуствуваа уште илјадници фанови на MX-5 од цела Италија и од Европа. Ова единствено рели му даде на тимот на Mazda во Италија шанса да напише важно поглавје во историјата на најпродаваниот родстер во светот.

Настанот беше придружен со бројни активности поврзани со марката Mazda. Јапонскиот инженер Нобухиро Јамамото, главен менаџер за развојот со третата и четвртата генерација на Mazda MX-5 одржа презентација насловена „Забавата во возењето никогаш нема да престане“. Елиза Артиоли, љубителка на автомобили и внука на Романо Артиоли, поранешен директор на Lotus, исто така го почести настанот со своето присуство. Рекордот го поздрави и Андреа Леви, претседател на MI.Mo Milano Monza Motor Show.

Mazda MX-5 најверодостојно го пренесува чувството на „Jinba Ittai“, на поврзаноста меѓу возачот и автомобилот

На патеката се одржа уште една презентација посветена на овој култен модел, именувана „Mazda MX-5 – Stories of an icon”, на којашто покрај Нобухиро Јамамото, зборуваа Андреа Манчини, сопственик на „Miataland“, луксузен ресорт во ридовите во Умбрија, каде што тој ја чува својата колекција од MX-5, како и Давид Џудици, директор на Ruoteclassiche, Youngtimer и AutoItaliana.

Вака изгледаа четирите кругови по патеката Модена, потребни за прием на рекордот во Гинисовата книга

Mazda стартуваше со производство на CX-60, прв со приклучен хибриден погон

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Џентлмените в недела поаѓаат на нова тура со олдтајмери

Ексклузивната серија од Peugeot 408 во Италија се распродаде за две недели