за

Mazda стартуваше со производство на CX-60, прв со приклучен хибриден погон

Корпорацијата Mazda со свеченост го одбележа почетокот на производството на новиот кросовер СУВ-модел CX-60. Тоа е најважниот модел за марката во последните десет години.

Mazda стартуваше со производство на CX-60, прв со приклучен хибриден погон

Mazda го означи почетокот на производството на новиот модел, којшто е од стратешко значење, како прв модел со приклучен хибриден погон, односно со можност за полнење на батеријата. Првиот брод натоварен со Mazda CX-60 за Европа веќе е појден.

Стотина вработени во производството, во фабриката на Mazda во Хофу, но и во фабриките на добавувачите, како и претставници од префектурата Јамагучи, прусуствуваа на големата свеченост во Хофу, во чест на почетокот на производството на првиот модел на Mazda со приклучен хибриден погон, CX-60.

Од компанијата истакнуваат дека Mazda CX-60 е најважниот модел што е претставен во последниве десетина години и дека обединува сé што Mazda има вградено во својот генетски запис во стоте години постоење. Во тој генетски запис спаѓаат впечатливиот надворешен дизајн и дизајнот на внатрешноста, најпрефинета јапонска изработка, современи технологии коишто се наменети да му го олеснат секојдневието на човекот, и секако, погонски единици од светска класа. Кога Mazda зборува за специјалност за мотори, првата асоцијација нормално дека е ванкел моторот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Моделската изведба Mazda CX-60 PHEV располага со првиот приклучен хибриден погон, којшто ќе биде достапен за европскиот пазар. Погонската спрега се состои од 2,5-литарски мотор Skyactiv-G, електромотор со моќност од 129 kW (175 КС), комплетно нов 8-степен автоматски менувач и батерија со капацитет од 17,8 kWh и работен напон од 355 волти.

Системската моќност на моторот и електромоторот изнесува 327 КС, а соодветно и системскиот вртежен момент достигнува 500 њутнметри. Тоа е најсилниот модел што Mazda го има произведено во серија. Потрошувачката на гориво изнесува 1,5 литар на сто километри (се зема предвид и досегот при возење само на батерија), а емисијата на СО2 изнесува 33 g/km.

Првиот брод натоварен со Mazda CX-60 наменети за европскиот пазар појде од пристаништето Наканосеки утринава.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Mazda CX-5 ги одушеви експертите на Auto Bild по супертестот на 100.000 km

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

One Ping

  1. Pingback:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова класа: T-Class е иста како Рartner и Berlingo, ама е Mercedes-Benz

Осум технологии што прават секој ден во Peugeot 308 да биде уживање