за

Осум технологии што прават секој ден во Peugeot 308 да биде уживање

Помошните системи со напредна технологија се „вториот мотор“ во Peugeot 308. Нивната задача е внесат уште повеќе уживање во секојдневието.

Peugeot 308 изгледа шампионски, i-Cockpit е осмислен генијално и секако дека чувството во овој автомобил би било сосем поинакво кога тој би имал здодевен и унифициран кокпит. Тоа што проект менаџерката задолжена за развојот на Peugeot 308, веднаш по стартот на моделот беше унапредена во менаџерка за развој на сите нови модели за премиум марката DS, говори доволно за фидбекот што дојде до францускиот производител од сцената. Има уште приказни. Ова се осумте системи што се базираат на напредна технологија и што преку своето делување оставаат печат во секојдневието со францускиот компакт.

Најновото продолжение на серијата 300 на марката со лавот внесе вистинска свежина во компакт класата. Таа не се базира само врз дизајнот на каросеријата и на кабината, туку произлегува од промените и унапредувањата во буквално секое подрачје. Системите за асистенција се составен дел од Peugeot 308, почнувајќи од добивањето целосна слика за позицијата на возилото во просторот, преку системот од камери што произведуваат слиак во 360 степени, до полу-автопилотот, што самостојно подзабавува, забрзува, ја следи лентата и управува во свијоци на автопат. Тоа што тимот на мадам Ањес Тесон-Фажет и на шефицата Линда Џексон го постигна, за Peugeot 308 да биде каков што е, на моделот уште сега му отвори поглавје во историјата на француската марка.

Овојпат тема се системите со напредна технологија што оставаат печат во секојдневието во Peugeot 308.

  1. Задна камера со висока резолуција и прскапка за миење, за вид 10 од 10

Задната камера стана класика меѓу системите за систенција. Peugeot 308 сепак извлекува уште малку екстра на тема задна камера. Сликата е во висока резолуција и прскалка се грижи леќата да биде чиста. Во браникот е вградена прскалка што ја користи течноста од системот за стакла. Со секое вклучување на задниот бришач, се вклучува и прскалката.

  1. Предупредување при возило во мртов агол, уште оддалеку

Благодарение на радарот со ултразвук со голем досег, системот уште од 75 метри препознава кога наидува возило во соседната лента. За споредба, обичните системи реагираат дури на 25 метри. Тоа значи дека трепкачката светилка во ретровизорите предупредува порано, за возачот да реагира покомотно и посигурно, доколку од назад брзо се приближува мотоцикл или автомобил. Покрај тоа, големиот досег дозволува да се контролираат двете ленти покрај Peugeot 308, левата и десната.

  1. Предупредување за возило што наидува попречно: Очи на тилот

Радарите што се вградени во браникот предупредуваат, кога при излегување наназад од непрегледно место постои опасност да му се препречи патот на возило што наидува попречно. Системот реагира на возила, но и на велосипедисти и пешаци. Подвижните предмети се препознаваат на оддалеченост до 40 метри. Соодветно предупредување се прикажува на средишниот дисплеј, а се слуша и сигнал.

  1. PEUGEOT матрични диодни светла: Возење постојано со долго светло, а тоа никому не пречи

Благодарение на технологијата на матричните диодни светла, коишто се стандард во нивоата на опременост GT и GT Pack, ноќе може да се вози со вклучено долго светло, без потреба да се префрлува на соборено светло, за другите возачи да не се заслепуваат. Долгото светло се состои од 20 диодни светилки, чијашто светлина и моќност постојано се приспособуваат според условите. Информациите доаѓаат од камерата што е поставена горе во ветробранот.

При разминување со возило отспротива или при приближување до возилото напред, само соодветните сегменти од долгото светло се замрачуваат, за да се спречи заслепување на другите возачи. Интелигентната технологија практично ги става во сенка другите возила. Во исто време, целата останата површина од патот и покрај патот се осветлува со силното долго светло.

  1. Арматурна табла по мера, со i-Toggles што се конфигурираат по желба

Возачките и возачите на Peugeot 308 имаат на располагање цела лента со прекинувачи, со можност да им доделат функција по желба. Од нивото на опрема Allure нагоре (второ ниво, во македонскиот ценовник стартува од 24.400 евра во Peugeot 308 PureTech 130), стандард се петте „i-Toogles“. Овие сензорски полиња се наоѓаат под централниот дисплеј и на нив може да се постават најчесто користените функции, на пример, режим на работа на клима-уредот, радио станица, брз телефонски контакт или навигација до одредено место, на пример до домот.

  1. Систем за контрола на воздухот: Чист воздух во новиот PEUGEOT 308

За поголема грижа кон патниците, новиот PEUGEOT 308 е опремен со AQS (Air Quality System), што го надгледува квалитетот на воздухот што доспева во кабината. Кога ќе се препознае нечист воздух, дотокот автоматски се прекинува и се вклучува рециркулација на воздухот. Како дополнување на системот, во нивоата GT и GT Pack делува Clean Cabin, што е систем за пречистување на воздухот од штетни гасови и честички. Состојбата на квалитетот на воздухот се прикажува постојано на средишниот дисплеј.

  1. Говорен асистент „OK Peugeot“: Ракување со гласот

По примерот од највисоките моделски серии, во Peugeot 308 стандардно работи говорен асистент. Системот овозможува функциите на телефонот, радиото, климата или навигацијата да се контролираат преку гласовни команди. Нема потреба од користење точни фрази, туку се препознава најнормален говор. „OK Peugeot“ содржи прирачник за возилото и туторијали.

  1. Апликација MyPEUGEOT: Далечински команди за повеќе комфор во возењето

Преку апликацијата MyPEUGEOT може далечински да се вклучи греењето на кабината или климатизацијата, а може и да се постави тајмер, за саканата температура во кабината да биде постигната пред да почне возењето. Тоа е важно за моделите со приклучен хибриден погон, затоа што нема потреба да се троши енергијата во батеријата за ладење или греење на кабината, кога ќе се појде со Peugeot 308. Кај овие модели може и наполнетоста на батеријата да се провери далечински, како и да се вклучи или исклучи полнењето.

Тест-возење на Peugeot 308: Колку француски може да биде еден автомобил?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Mazda стартуваше со производство на CX-60, прв со приклучен хибриден погон

Mazda стартуваше со производство на CX-60, прв со приклучен хибриден погон

Renault ги продава акциите во АвтоВАЗ, новиот сопственик презема за 1 рубља