за

Европа и САД до 2030 година ќе ја надминат зависноста од батерии од Кина

Пазарната доминација на Кина може да се надмине со заштитна политика, со друга хемија во батериите и со зголемување на обемот на рециклирање на батериите.

Европа и САД можат до 2030 година да ја надминат зависноста од Кина за батерии за електрични возила, преку вложување во висина од преку 160 милијарди долари. Тоа го објавува „Фајненшел Тајмс“, повикувајќи се на извештај од Goldman Sachs.

Доминацијата на Кина може да заврши преку воведување протекционистички политики во Европа и САД, заедно со алтернативна хемија за батериите, со којашто се намалува уделот на критични минерали од Кина, како и со поширок обем на рециклирање на батериите.

Во извештајот на Goldman Sachs, за државите што се натпреваруваат со Кина да постигнат самоодржувачки синџир на набавки, потребно е тие да потрошат 78,2 милијарди долари на батерии, 60,4 милијарди на компоненти и уште 13,5 милијарди на рудници за литиум, никел и кобалт, како и 12,1 милијарди за преработка на тие материјали.

Во САД, законот за намалување на инфлацијата ќе даде поттик за производството на електрични возила. Законот потпишан на 16-ти август, вклучува провизии коишто имаат за цел да го зајакнат производството на електрични возила и батерии во САД, вклучувајќи и услов, потеклото на возилата да биде соодветно, за истите да може да добијат субвенции за електирчни возила.

Аналитичарите на инвестициската банка веруваат дека побарувачката за готови батерии може да се покрие без набавки од Кина во период од три до пет години, како резултат од инвестициите на јужнокорејските конгломерати LG и SK Hynix во САД.

Goldman проценуваат дека уделот на производителите на батерии од Кореја ќе се зголеми на 55 проценти за три години, поаѓајќи од 11 проценти во 2021 година.

Србија ќе добие фабрика за батерии за електрични автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot пред 30 години почна да се продава во Бразил

Polestar 2 pretstavuvanje

Polestar 2 достигна 100.000 произведени примероци