Polestar прославува 100.000 произведени примероци од Polestar 2, по две и пол години откако моделот од средната класа почна да излегува од производствените ленти во фабриката на Volvo во Луќао, Кина.
Славеничкиот 100-илјадити примерок од Polestar 2 ќе му се испорача на сопственикот од Исланд, пазар што е меѓу најновите за електричната подмарка на Volvo, од вкупно 27 пазари ширум светот.
„Тоа е одшевувачко достигнување, посебно ако се земе предвид дека Polestar 2 го лансиравме за време на пандемијата“, изјави извршниот директор на Polestar, Томас Ингенлат. Во Европа, Polestar 2 е петти најпродаван премиум модел од средната класа, оставајќи ги зад себе ривалите, како целосно електричниот BMW i4 или Audi A5, којшто се нуди со мотори со внатрешно согорување. Во првите девет месеци, продажбата на комби-купето се зголемила за 63 проценти, на вкупно 17.994 примероци.
Оваа продажба му донесе на Polestar 2 и титула на петти најпродаван електричен автомобил од премиум марка, пред Audi Q4 E-tron, Mercedes-Benz EQA, и близначката со којашто ја дели платформата, електричната верзија на Volvo XC40.
Моментната побарувачка за Polestar 2 е мошне веројатно дека ќе доведе годинава да бидат испорачани вкупно 50.000 возила ширум светот.
View this post on Instagram
Марката в година ќе ја прошири својата понуда од модели, со својот прв СУВ-модел, Polestar 3, којшто се вклучува во битка со големите СУВ модели од премиум сегментот, меѓу кои се водечкиот BMW X5, како и целосно електричниот модел на Баварците, iX.
Polestar очекува да достигне продажба од 67.000 примероци од Polestar 3 до 2024 година. Целта е до 2025 година да се постигне ниво на продажба од 290.000 возила.
















