Подмарката на Volvo започна со производство на својот втор модел. Polestar 2 се произведува во Кина и продажбата се очекуива да започне во текот на летото.
Европа се бори против епидемијата околу корона, фабриките се затворени, производството на автомобили мирува. Наспроти тоа, во Кина кадешто епидемијата започна да се шири во јануари, автомобилската бранша постепено се враќа во нормала. Повеќето фабрики на европските производители, главно германските, повторно работат. За тамошната состојба, којашто внесува барем малку оптимизам, најдобро сведочи почетокот на производството на електричната лимузина Polestar.
Возилата на подмарката на Volvo што е специјализирана за електричен погон се произведуваат во Лукиао. Тие во текот на летото ќе се испорачуваат прво во Европа, а потоа и во Кина и Северна Америка. По хибридното спортско купе, Polestar 2 е втор модел на електро-подмарката на Швеѓаните.
Светот во моментов се соочува со енормни последици поради пандемијата со вирусот корона. Започнуваме со производство во предизвикувачки услови и се разбира дека целосно сме посветени на здравјето и сигурноста на нашите работници
Томас Ингенлат, шеф на Polestar
Polestar 2 е целосно електрична лимузина со моќност од 300 kW (408 КС) и вртежен момент од 600 њутнметри, со погон на сите тркала. Според новите норми, батеријата од 78 kWh дозволува досег до 470 километри. Инфо-забавниот целосно се базира врз Google Android, што значи дека навигацијата е според Google Maps, а соодветно и останатите апликации. Моделот ќе биде достапен само на неколку пазари, цената на Polestar 2 за германскиот пазар изнесува 57.900 евра. Нарачката и конфигурирањето на автомобилот се одвиваат целосно по дигитален пат.
Во оваа зграда се создава шведската електромарка Polestar