Кризата дневно им одзема 360 мил. € на германските авто-марки

Volkswagen со фонд од 25 мил. € за СО2-проекти на своите марки
Volkswagen со фонд од 25 мил. € за СО2-проекти на своите марки

Експерти од автомобилската сфера, пресметаа дека германските производители на автомобили, поради кризата секој ден губат по 360 милиони евра.

Професор Фердинанд Дуденхефер, германски експерт за автомобилска економија, пресмета дека производителите во земјата, за секој ден без промет поради нарушените услови во пандемијата, трпат загуба во висина од 360 милиони евра послаб промет.

Концерните Volkswagen, Daimler и BMW, во минатата година реализирале промет од 530 милијарди евра. Петнаесет проценти од таа сума, што значи 80 милијарди евра, биле потрошени за камати и раздолжувања.

Дуденхефер објаснува дека овие трошоци се создаваат и во услови кога фабриките се затворени и не се реализира промет. На тоа дополнително треба да се пресметаат и платите, коишто се исплатуваат и при скусено работно време. При 220 работни денови во годината, тоа значи дека секој ден без промет, на германските автомобилски гиганти им носи загуба од околу 360 милиони евра.

Корона ја запре автомобилската индустрија

Претходна објаваШвајцарските дилери на Renault со 100 електрични Zoe за хуманитарците
Следна објаваЗапочнува производството на електричниот Polestar 2 во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here