за

Србија ќе добие фабрика за батерии за електрични автомобили

Словачкиот производител на батерии InoBat потпишал писмо на намери со владата на Србија за изградба на фабрика за батерии за електрични автомобили, со капацитет од 32 гигаватчасови.

InoBat Србија фабрика батерии електрични автомобили

Владата на Србија ќе учествува со 419 милиони евра во изградбата на фабриката за батерии, вклучувајќи грантови и даночни олеснувања, во насока на поддршка на проектот, објавија од словачката компанија InoBat. Договорот уште не е конечен, но е извесно дека ќе дојде до негово потпишување.

InoBat планира да изгради две фабрики за батерии, едната во западна Европа, другата во источна Европа. Во минатиот месец, InoBat потпиша писмо на намери со шпанската влада, за гигафабрика да се гради во Ваљадолид.

Декларацијата не е конечен договор, затоа што InoBat зема во предвид и други локации за својата западноевропска фабрика, вклучувајќи ја и Велика Британија.

Неколку стартап-компании во Европа не успеаја да привлечат милијарди евра за изградба на огромни гигафабрики. Од друта страна, останатите компании, меѓу кои и InoBat, повеќе се засновани врз бавно проширување, коешто ќе се одвива соодветно на склучувањето договори со клиентите.

InoBat во почетокот на следната година ќе отвори пилот-фабрика со капацитет за 45 мегаватчасови во Братислава. Овие батерии ќе бидат наменети за тестирање од страна на клиентите. Словачката компанија веќе има потпишано договори со клиентите, вклучувајќи ја и германската техно-компанија Lilium, којашто развива летечко такси. Станува збор за договор вреден 500 милиони евра, до 2030 година.

Компанијата планира да го зголемува капацитетот за производство на батерии скалесто, во чекори од по 4 GWh, почнувајќи во 2025 година. Секој чекор ќе значи вложување нови 350 милиони евра. Проширувањето ќе се одвива како што ќе се потпишуваат нови договори.

InoBat исто така планира центар за истражување и развој во Индијана, САД, којшто понатаму би прераснал во гигафабрика, како заедничко вложување со компанијата Ideanomics.

Ideanomics е инвестирор во InoBat, заедно со рударската компанија Rio Tinto.

Србија ќе произведува електрични автомобили на Fiat

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Stellantis нарачува чипови за 1 милијарда евра од Infineon

Toyota Corolla Cross или СУВ-изведбата од најпродаваниот автомобил во светот