Крагујевац ќе произведува нов модел на Fiat, којшто ќе вози 100% на струја. Сé е извесно околу иднината на српската фабрика на Fiat. Крагујевац ќе има клучна улога во остварувањето на планот Dare Forward 2030 на концернот Stellantis.
Традицијата на автомобилското производство во српски Крагујевац уште се поврзува најсилно со времето на Zastava, со моделите 750, 101, 1300, а посебно Yugo. Крагујевац за само неколку години ќе стане синоним за новата ера на автомобилизмот. Србија ќе ги произведува електричните модели на Fiat од комплетно новата генерација.
Концернот Stellantis, потврди дека во фабриката во Крагујевац ќе започне поставувањето на нови производствени постројки, наменети за идната генерација градски електрични автомобили. Стартот на производството се планира за средината на 2024 година. Српската фабрика ќе учествува во планот на компанијата, да постигне стопроцентна продажба на електрични автомобили до крајот на деценијава. За понатаму, концернот на Fiat, Peugeot, Citroen, Opel, планира и целосна неутралност во поглед на емисијата на СО2, што значи дека и производството и логистиката исто така нема да создаваат штетна емисија. Србија учествува со 33% во акциите на фабриката на Fiat во Шумадија, на околу 350 километри пат од Скопје.
Вкупната инвестиција во производството на електрични автомобили во Крагујевац изнесува 190 милиони евра, од кои 48 милиони евра вложува Србија
Карлос Таварес, извршен директор на Stellantis, важната вест ја соопшти по состанокот со Претседателот Александар Вучиќ во зградата на Генералниот секретаријат на претседатeлот на Републиката во Белград.
https://photos.app.goo.gl/CBSQTTfqyTBdfPyZ7
Засега постојат само претпоставки околу моделот што ќе се произведува во Србија, на местото на сегашниот семеен ван Fiat 500L. Производствените капацитети ќе бидат поставени да можат по потреба да преземат и дополнителни електрични модели, во случај пазарот да покаже поголем интерес од очекувањата на менаџерите.
„Новата платформа наменета за електрични возила ќе одговара совршено за модели од А, Б и Ц-сегментите и ќе ги унапреди ефикасните и чисти решенија за градска мобилност на нашите брендови“, изјави Карлос Таварес.

Stellantis претстави сеопфатна стратегија за електрифкација во рамките на EV Day, којашто ќе донесе возбудливи и конкурентни модели во понудата на 14-те марки на компанијата. Најголемиот дел од 30-те милијарди евра што се вложуваат во електрификацијата, наменети се за развој на четирите платформи за електрични возила: STLA Small, Medium, Large и Frame. За овие платформи ќе се користат три различни електрични погонски модули.
Таварес: „Заедно со заинтересираните страни од Србија, на граѓаните ќе им понудиме слобода на движење и борба против глобалното загревање, со помош на чисти, безбнедни и достапни решенија. Тоа бара пристап од 360 степени, од цената на енергијата, до субвенциите преку коишто се поттикнува преоѓањето на електрични возила.“
Претседателот Вучиќ изјави: „Со потпишувањето на денешниот договор, Србија ќе одигра клучна улога во остварувањето на стратешкиот план Dare Forward 2030 на компанијата Stelantis – еден од водечките производители на автомобили во светот. Одлуката на овој гигант во автомобилската индустрија да го модернизира и унапреди постоечкиот производствен погон во Крагујевац, ни дава можност да станеме водечки производител на електрични автомобили и на тој начин во голема мера да ја смениме сликата за Србија.“
Изгледот и концептот на возилото веројатно ќе се раководат според Fiat Centoventi Concept (Fiat 120), што беше прикажан во 2019 година. Сцената ја „препозна“ идната генерација на Panda во овој концептен автомобил.
Fiat Concept Centoventi · Основни технички податоци
Должина: 3680 mm
Висина: 1527 mm
Ширина: 1740 mm
Меѓуоскино растојание: 2430 mm
















