Карлос Таварес очекува чип-кризата да попушти дури в година

Извршниот директор на концернот Stellantis, Карлос Таварес, на настан на езерото Комо, за презентација на новиот модел Alfa Romeo Tonale, изјави дека „снабдувањето со попупроводници уште е мошне ограничено и ситуацијата е мошне слична на таа во 2021 година. Би рекол дека 2022 нема да донесе поголемо подобрување“.

Според Таварес, главната разлика во споредба со минатата година е во тоа што бројот на добавувачи што се соочуваат со проблеми е намален. Бројни добавувачи на полупроводници во меѓувреме воспоставија подобра контрола врз својата работа и врз сопствениот синџир од добавувачи. Шефот на автомобилскиот концерн со 14 марки, вклучувајќи ги Peugeot, Citroen, Opel, Fiat, посочи дека Stellantis нема потреба да ги коригира предвидувањата за продукцијата на автомобили за годинава, затоа што концернот пристапил „конзервативно“ и реално ја проценил ситуацијата околу снабдувањето со компоненти.

„Stellantis во моментов трпи од малиот број добавувачи на чипови, најмногу три до четири“, изјави првиот човек на концернот, додавајќи дека очекува ситуацијата да се подобри во 2023 година.

Влијанието од војната во Украина врз прометот на автомoбилската групација е „маргинално, крајно маргинално“, открива менаџерот. Тој посочи дека конфликтот ја усложнува атмосферата за бизнис на сите производители на автомобили, не само на Stellantis. Одлуката на Русија да ја прекине испораката на гас во Полска, каде што работат три фабрики за автомобили на концернот, не влијае врз нивната работа.

Прв нов алфа-модел по 2016 година: Alfa Romeo Tonale

Претходна објаваСрбија ќе произведува електрични автомобили на Fiat
Следна објаваПрвиот AMG-модел од Mercedes C-Class вози со моторот од SL

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here