Првиот AMG-модел од Mercedes C-Class вози со моторот од SL

Новата генерација на Mercedes C-Class конечно доби AMG-варијанта. Место V6, под хаубата работат четири цилиндри. Моторот ги влече корените уште од А45 AMG, меѓутоа додавањето електричен турбополнач направи моќноста да достигне нови екстреми. Ефектот повеќе се огледува во забрзувањето и раното повлекување.

Техниката што потекнува директно од болидите во Формула 1 е сосем доволно „алиби“, за инженерите на Mercedes-Benz да му одредат четирицилиндарски мотор на првиот AMG-модел во гамата на новата C-Class. Во лимузината и комбито со ознака Mercedes-AMG C 43 4MATIC работи дволитарски четрицилиндарец. Моторот претходно имаше историска премиера во Mercedes AMG SL 43, како прв сериски агрегат со електричен турбополнач.

Тоа што го нуди новата техника е повисока динамика, односно исклучително рано повлекување и брзо реагирање при притискање врз гасот. Според Штутгарт, чувството во возење е посебно. Електричниот турбополнач добива струја од 48-волтната мрежа во возилото, што воедно го снабдува со енергија и стартер-генераторот, што е задвижуван преку ремен.

Моќноста на моторот во Mercedes-AMG C 43 4MATIC изнесува 408 КС. Во одредени ситуации, краткотрајно се постигнува „буст“, преку самиот стартер-генератор, којшто асистира со 14 КС. Задната оска е управувана стандардно. Постојаниот погон на сие тркала AMG Performance 4MATIC става нагласок на задната оска. За динамичното чувство се грижат и менувачот AMG SPEEDSHIFT MCT 9G со влажна спојка за поаѓање. Впечатокот во возење го заокружува приспособливата амортизација AMG RIDE CONTROL.

https://photos.app.goo.gl/PAcNcojyzWXYPxhs8

Моторот, иако е со само четири цилиндри, во седиштето на AMG во Афалтербах го ужива истиот третман како како V8, или сега веќе историските V12-мотори. Моторот е комплетно развиен во AMG и се монтира според познатото начело „One Man, One Engine“. Тоа е исто како кројач, врвен мајстор на својот занает, да ви скрои костум по мера. Секако дека во производството се користат врвни технологии, вклучувајќи и Индустрија 4.0.

Моторот со ознака M139L (L за „Längseinbau, односно вградување надолжно) користи технологија што доаѓа директно од болидите на Mercedes-AMG Petronas во F1.

Детално објаснување на функционирањето на електричниот турбополнач:

Директно на вратилото на турбополначот – меѓу турбината од страната на издувните гасови и компресорот на страната од којашто се вовлекува свеж воздух – поставен е електромотор со дебелина од само четири сантиметри. Тој е управуван по електронски пат и директно го задвижува вратилото на турбополначот. Тоа значи дека потребниот притисок на натполнење се создава уште пред моторот да ги достигне соодветните вртежи и функцијaта на движење на турбината да го преземат издувните гасови.

https://photos.app.goo.gl/xxNaJbb5hBmX4jTd8

Моторот на тој начин реагира буквално уште од „лер“ и генерално се добива подинамично чувство при возењето. Секако дека електрификацијата на турбополначот значи и дека моторот постигнува повисока вреднсот на вртежниот момент при пониски вртежи. Кусо, тоа значи дека C43 AMG спринтува подобро и реагира подиректно при притискање на гас. Уште една одлика на е-турбото е способноста да се задржи притисокот на натполнење кога ќе се отпушти гасот. Така се постигнува моторот да повлече бурно и инстантно, на пример, веднаш на излез од свијок.

https://photos.app.goo.gl/ZcZRVEpSw128VQJ36

Електричната 48-волтна мрежа го движи турбополначот со брзина до 175.000/min, а тоа значи и фасцинантно ниво на проток на воздух. Температурата на системот се одржува преку самиот систем за ладење на моторот.

Следна посебност е двостепеното впрскување гориво. Во првиот степен, пиезо-инјектори го впрскуваат горивото директно во коморите за согорување под притисок до 200 бари. Во вториот степен, горивото се впрскува во вшмукувачките канали, при што се користат магнетни вентили. Овој степен ја гарантира врвната моќност на M139.

https://photos.app.goo.gl/9qK6TYA79EWfhPS5A

Понатаму, посебно е тоа што што главата на моторот и блокот на моторот се ладат на различна вредност преку системот за ладење. Целта: Главата останува студена, заради максимална моќност при ефикасна точка на палење, додека блокот останува топол, заради намалување на триењето.

Сето тоа кажано на „јазикот на автомобилизмот’“ изгледа вака:

Технички податоци

Mercedes-AMG C 43 4MATIC Limousine

https://photos.app.goo.gl/e7Bnchsjxyx4JvrW8

Мотор

Број цилиндри / типо 4/R
Зафатнина cm3 1.991
Моќност kW/КС 300/408
при вртежи 1/min 6.750
Дополнителна моќност (Boost) kW/PS 10/14
Вртежен момент Nm 500
при вртежи 1/min 5.000
Компресија 10,0
Подготовка на смеша комбинирано директнo и индиректно впрскување, натполнење со електрични потпомогнат турбополнач на издувни гасови

Пренос на сила

Погон Погон  на сите тркала со нагласок назад
(31:69 проценти)
Менувач AMG SPEEDSHIFT MCT 9G (Автоматик со влажна повеќеламелна спојка за поаѓање)
преносни односи
1./2./3./4./5./6./7./8./9. Gang 5,35/3,24/2,25/1,64/1,21/1,00/0,87/0,72/0,60
назад 4,80

Подвозје

Предна оска AMG RIDE CONTROL со алуминиумски триаголни водилки, лесни пружини, стабилизатор, приспособливи амортизери
Задна оска AMG RIDE CONTROL со алуминиумски триаголни водилки, лесни пружини, стабилизатор, приспособливи амортизери
Сопирачки напред вентилирани и перфорирани дискови 370 mm, 6-клипна алуминиумска шепа; назад вентилирани и перфорирани дискови 320 mm, 1-клипна алу-шепа; електрична паркирна сопирачка, ABS, асистенција за сопирање, 3-степен ESP
Управување електроммеханичко параметарско сервоуправување со запчеста летва, варијабилен преносен однос (12,8:1 неутрал) и варијабилна сервоподдршка
Тркала напред: 8,0 J x 18; назад: 8,0 J x 18
Гуми напред: 245/45 ZR 18; назад: 245/45 ZR 18

Димензии и тежини

Меѓуоскино растојание mm 2.865
Ширина на трага напред/ назад mm 1.591/1.602
Должина, ширина, висина mm 4.791/1.824/1.450
Круг на вртење m 11,98
Багажник l 455
Празно возило kg 1.765
Носивост kg 515
Резервоар/ резерва l 50/7

Перформанси, потрошувачка, емисија

0-100 km/h sec 4,6
Брзина km/h 250 (електронски; 265 km/h опција)
Потрошувачка, просек l/100 km 9,1-8,7
Емисија на CO2, просек g/km 206-196

За новиот Mercedes C-Class: Дали знаевте дека…

Претходна објаваКарлос Таварес очекува чип-кризата да попушти дури в година
Следна објаваSuzuki S-Cross со продажбата веќе ја втасува Vitara

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here