… Кина од 2016 година е најголем пазар за лимузинската изведба на C-Class? Најголеми пазари за лимузината и за комбито во изминатите десет години беа САД, Германија и Велика Британија. Во Германија, патем, два од секои три примероци од C-Class се од комбито T-Modell.
… од незначително зголемените надворешни димензии на новата моделска генерација профитираат и патниците напред и патниците назад? Ширината во делот на лактите во споредба со претходникот е зголемена за 22 mm на предните седишта и за 15 mm за патниците назад. Висината на просторот за глава назад порасна за 13 mm (11 mm кај T-Modell). Просторот за колена на задната клупа што е продолжен за 35 mm, придонесува да биде уште попријатно патувањето и за патниците назад.
… C-Class во кабината повторно постигнува голем напредок во поглед на дигитализацијата и квалитетот? Ентериерот ги презема главните обележја на новата S-Class, како што се начинот на прикажување на информациите и начинот на ракување, додавајќи им спортски нагласок. За тоа придонесува и завртеноста на арматурната табла и на средишниот дисплеј за 6 степени кон возачот.
… со техниката во домот и со уредите во домаќинството може да се управува преку говорниот асистент „Hey Mercedes“ кој е дел од системот MBUX? Благодарение на функцијата Smart Home, тие може да се поврзат во мрежа со возилото и со нив да се ракува оддалеку.
… светлината во секое светло Digital Light се прекршува со помош на 1,3 милион микро-огледала и се насочува? Тоа значи дека резолуцијата на двете предни светла изнесува 2,6 милиони пиксели. Со доплата, Digital Light може да се комбинира и со функција на проектирање. Овој систем ги проектира линиите за следење, симболите и анимациите врз патот и на тој напин придонесува возењето да биде побезбедно.
… кругот на вртење со управуваната задна оска се скусува за повеќе од 40 сантиметри, на под 11 метри? Аголот на завртување на задната оска со оваа опција изнесува 2,5 степени.