за

Suzuki Hayabusa на 72-метарски билборд во Лондон

Во земјата во којашто се вози најлудата ТТ-трка е сосем природно новиот Suzuki Hayabusa да добие место на еден од најголемите дигитални билборди во светот.

Новата ‘Busa се појави на џиновскиот дигитален билборд Cromination, како дел од рекламната кампања за новиот хипермотоцикл на Suzuki во Велика Британија.

Suzuki на спектакуларен начин ја започна кампањата за третата генерација на хипермотоциклот Hayabusa, со прикажувањето на рекламата за него на билбордот Cromination. Станува збор за еден од најголемите дигитални билборди во светот, кој се наоѓа на Кромвел Роуд, на подрачјето на Кенсингтон, во кралската четврт во Лондон.

Овој потег е воедно и дел од залагањето на британскиот огранок на Suzuki, кој во време на пандемија и во годините на предострожност што ќе следат, цени дека мотоциклите се добра замена за јавниот превоз – секако, Suzuki GB тука ги вклучува и далеку помалите и подостапни модели од својот спортски знаменосец Hayabusa.

Cromination е еден од најдолгите билборди во Европа, со вкупно 72 метри површина за прикажување. Suzuki Hayabusa ќе свети во кралската четврт во Лондон цела седмица, за секој да стане свесен дека јапонската марка има нова генерација на својата хало-машина.

Примероците од новата Hayabusa ќе почнат да пристигаат во салоните на Suzuki кон крајот на март.

Третата генерација на Hayabusa ја задржа препознатливата аеродинамична силуета по којашто стана препознатлив првиот модел со ова име во 1999 година. Новиот мотоцикл изгледа поостро и поагресивно. Нови клипови, клипници, коленасто вратило и брегасто вратило, заедно со бројни други преправки, придонесоа за значително зголемување на моќноста при ниски вртежи.

>>> Hayabusa: Сивиот сокол на Suzuki се врати со 190 КС и 299 km/h

suzuki gsx 1300 rr hayabusa

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За новиот Mercedes C-Class: Дали знаевте дека…

Hyundai и Kia градат фабрика за водороден погон во Кина