Полначите на Volkswagen и bp содржат моќна батерија и нивното поставување може да се одвива исклучително брзо и флексибилно, затоа што нема потреба истите да се поврзуваат со високонапосната електрична мрежа. Доволна е обична мрежа.
Во следните 24 месеци, концернот Volkswagen и bp ќе постават до 8.000 станици со полначи во Германија, Велика Британија и други европски држави. Мрежата на bp/Aral ќе се прикажува во навигациските системи во Volkswagen, Škoda и Seat/Cupra.
Почетокот на соработката меѓу Volkswagen и bp беше одбележан со поставувањето на првиот полнач во Диселдорф. Идната мрежа од полначи треба да придонесе за брзо преоѓање на електричниот погон во цела Европа.
Flexpole се нов вид полначи од 150kW развиени од Volkswagen, со приклучоци за две возила и со вградена батерија од каде што се повлекува енергијата за полнење на електричните возила. Со тоа се надминува една од најголемите пречки за брзо ширење на мрежата во Европа, а тоа е неопходност од приклучување на високонапонската мрежа. За овие полначи е сосем доволен напонот во обичната мрежа. Тоа значи дека нема потреба од посебен трансформатор и од скапи градежни зафати.
Со моќност од 150 kW, Flexpole испорачуваат енергија за 160 километри за само 10 минути
Првиот чекор е поставување 4.000 нови полначи во следните 24 месеци, на станиците на Aral во Германија и на bp во Велика Британија. До крајот на 2024 година ќе бидат поставени до 8.000 полначи во Германија, Велика Британија и други европски држави. Компанијата bp е мошне активна во поставувањето полначи на своите станици за гориво, коишто имаат одлична местоположба и богата понуда од услуги.
We're accelerating our partnership with @VW & rapidly rolling-out battery-based EV fast chargers in Europe. They help overcome one of the biggest obstacles – the need for high-power grid connections. Together, we're giving more drivers the confidence to go electric ⏩🔋
— bp (@bp_plc) April 28, 2022
Во минатата година Volkswagen продаде повеќе електрични автомобили во Европа од кој било друг производител. Во исто време се вложува во софтвер и во батерии, како и во самата мрежа од полначи. До 2030 година, две од секои три продадени возила Volkswagen ќе користат батериски електричен погон.
Компанијата bp исто така работи на мрежа од полначи, со план до 2030 година да стави на располагање повеќе од 100.000 полначи ширум светот.