за

Suzuki Jimny е теренски автомобил на годината за германски Ауто Билд

Читателите на магазинот Ауто Билд го изгласаа Suzuki Јimny за вкупен победник во изборот на најдобите теренски возила, во ценовната категорија до 40.000 евра.

suzuki jimny победа избор off road магазин

Suzuki Jimny останува миленик на публиката. Во изборот за „Теренски автомобил на 2022 година“, читателите на специјализираното издание Ауто Билд Алрад гласаа најмногу за Suzuki Jimny, што му донесе вкупна победа во категоријата на теренски автомбили и СУВ-модели со цена под 40.000 евра.

Читателите на Ауто Билд Алрад, најпродаваниот магазин за теренски автомобили во Европа, годинава по 22-ри пат гласаа за своите фаворити. За наградите се натпреваруваа 209 возила во вкупно девет категории. Suzuki Jimny се соочуваше со 26 противници во својата категорија.

Jimny освои најмногу гласови благодарение на шармантниот и карактерен дизајн, неоспорните теренски својства и приспособливата кабина. „Jimny веќе со децении ги одушевува возачите во целиот свет и прерасна во вистински култен модел“, изјави Казујуки Јамашита, директор на германскиот огранок на Suzuki. „Овој успех ни е доказ дека читателите на Ауто Билд Алрад, како вистински експерти го ценат погодениот спој од компактни димензии и теренска проодност.“

Со тежина на празно возило од 1.165 килограми (вклучувајќи возач со 75 kg), Jimny се вбројува меѓу најлесните модели во сегментот на теренците. Во исто време, компактните димензии му обезбедуваат пристап насекаде. За погон е задолжен 1,5-литарски бензинец, атмосферски, со 102 КС и максимален вртежен момент од 130 Nm.

Во комбинација со цврста носечка рамка и стегнато водење на тркалата со крути оски напред и назад, па на тоа и со погон на сите тркала ALLGRIP PRO што се вклучува по потреба и со теренска редукција, Suzuki Jimny гарантира авантура на секаква подлога и по секаков терен. Од 2021 година, Suzuki го нуди Jimny во товарна изведба, со две седишта, простор за товар од 863 литри и со рамен товарен под.

Во Европа постојат повеќе држави во коишто Suzuki ужива посебно место на пазарот, поради тоа што погонот на сите тркала е достапен во речиси сите моделски серии на марката. Таков е примерот во Швајцарија, каде што во малите места во алпските предели е сосем вообичаено да се сретне улична слика во којашто преовладуваат модели на Suzuki. Тоа е единствената комбинација што ја нуди јапонската марка, од шампионска противвредност и издржлива техника, плус достапност на модели со погон на сите тркала.

Тест: Suzuki Jimny 1.5 GL

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Секое трето Volvo продадено во првото тромесечје е со електричен погон

Volkswagen и British Petrol градат заедничка мрежа од брзи полначи ширум Европа

Volkswagen и British Petrol градат заедничка мрежа од брзи полначи ширум Европа