за

Stellantis нарачува чипови за 1 милијарда евра од Infineon

Концернот Stellantis планира да купи чипови од Infineon во вредност од преку 1 милијарда евра, за своите европски марки, вклучувајќи ги Peugeot, Citroen, Opel, Fiat и Alfa Romeo.

Вториот најголем автомобилски концерн во Европа, Stellantis, потпиша необврзувачко писмо на разбирање со германскиот производител на чипови Infineon, за повеќегодишно снабдување со силициум-карбидни полупроводници.

Infineon ќе резервира место во своите производствени капацитети и ќе ги испорачува полупроводниците директно до добавувачите на Stellantis, во втората половина од деценијава. Од германската компанија соопштуваат дека станува збор за зделка во вредност од преку 1 милијарда евра. Чиповите главно ќе бидат наменети за електричните возила за марките на концернот Stellantis.

Од почетокот на следната деценија, марките на Stellantis ќе нудат единствено електрични возила на европските пазари. Peugeot, Citroen, Opel, Fiat, Alfa Romeo, ќе станат целосно електрични марки пет години пред крајниот рок што го зацрта ЕУ, според којшто по 2035 година повеќе нема да се регистрираат нови автомобили со мотор со внатрешно согорување во рамките на Унијата.

Недостигот од чипови во последните неколку години ги присили автомобилските концерни да го скусат производството на автомобили.

Првиот човек на концернот Stellantis, Португалецот Карлос Таварес, во минатиот месец изјави за францускиот дневник „Ле Паризјен“, дека очекува недостигот од полупроводници да трае до завршетокот на следната година.

Електро-шампионот Fiat Nuova 500 ќе се продаваше уште подобро – да имаше чипови

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia ќе ја зголеми маржата за 50%, моделите ќе растат

InoBat Србија фабрика батерии електрични автомобили

Србија ќе добие фабрика за батерии за електрични автомобили