за

Електро-шампионот Fiat Nuova 500 ќе се продаваше уште подобро – да имаше чипови

Продукцијата на најпродаваниот електричен автомобил од големоволуменска марка во Европа, Fiat Nuova 500, ограничена е поради кусокот од микрочипови за браншата.

Привлечиот изглед што верно го толкува стилот на историскиот Fiat 500 и цената што е достапна, во комбинација со субвенциите, прават Fiat Nuova 500 да биде најбаран модел на пазарот на електрични автомобили. Интересот е посебно голем во европските метрополи.

Stellantis бара начини да го удвои производството на Fiat Nuova 500, најпродаван електричен автомобил од „народска“ марка во Европа. Концернот сепак наидува на ограничувања и не е во состојба да го покрие огромниот интерес, затоа што на браншата веќе извесно време и недостигаат микрочипови. Извршниот директор на концернот на Peugeot и Fiat, Карлос Таварес, го изјави тоа за медиумите.

„Можеме годинава да произведеме 90.000 примероци и имаме полна книга со нарачки за да ги продадеме тие возила. Работиме напорно да качиме на 90.000, но не сме сигурни дека тоа може да се постигне“, изјави Таварес за репортерите, на настан во фабриката Мирафиори во Торино. Таму се произведуваат Fiat Nuova 500 и уште три луксузни модели за престижната марка Maserati.

Таварес посочи дека потенцијалот за продажба за Nuova 500 е „енормен“, но тесните грла во синџирот од добавувачи остануваат најголема пречка за продукцијата да се зголеми

Stellantis лани изработи 46.249 примероци од Fiat Nuova 500, според годишниот извештај на FCA. Во првата половина од годинава, продукцијата на електричниот автомобил е зголемена за 54 проценти и таа достигна 38.830 примероци.

Во првите седум месеци од годината, Fiat продаде 37.868 примероци од Nuova 500, што е за 65 проценти повеќе во споредба со периодот јануари-јули лани. Тоа прави италијанскиот модел да биде трет најпродаван електричен автомобил, зад скапите Tesla Model Y и Model 3, од коишто соодветно се продадени 46.925, односно 40.923 примероци.

 
1 Tesla Model Y 46,925
2 Tesla Model 3 40,923 −40
3 Fiat New 500 37,868 65
4 VW ID4 28,159 −2
5 Skoda Enyaq iV 26,853 47
6 Peugeot 208 26,473 15
7 Kia Niro 24,189 4
8 Renault Zoe 23,869 −3
9 Hyundai Kona 23,687 −7
10 Dacia Spring 22,706 526

Продажната цена за Fiat Nuova 500 во Италија почнува од 27.800 евра, вклучувајќи ги масивните италијански субвенции. Peugeot e208, којшто е со пет врати и вози во класа погоре од Nuova 500, во земјата чини 34.450 евра. Премиум моделот Mini Cooper Electric има слична големина со Nuova 500 и во Италија стартува од 37.500 евра.

Мирафиори произведува по 360 примероци од електричниот автомобил дневно, во две смени, што би одговарало на 80.000 примероци на годишно ниво. Доколку се додаде ноќна смена, продукцијата во 2023 година може да надмине 100.000 примероци.

Fiat Nuova 500 во салонот на Аутомобиле СК во Скопје

Денес е на струја: Погоните се менуваат, Fiat 500 останува

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Магазинот уште не е умрен, вели BMW и печати 150.000 примероци

Џентлмените в недела поаѓаат на нова тура со олдтајмери