Магазинот уште не е умрен, вели BMW и печати 150.000 примероци

Фановите на сино-белата марка можат веќе при првото излегување во странство, на аеродром или во книжарница да го побараат магазинот Freude.Forever, што BMW им го подготви на 140 страници, со квалитетни содржини и со нагласок на идните технологии.

Во време кога и автомoбилите се дигитализираат, BMW ја радува сцената со Freude.Forever и им се обраќа на клиентите што сакаат да дознаат нешто подалеку од својот делокруг, а посебно на клиентите што се интересираат за иднината. Тежиштето на содржините во првото издание е поставено на иновативни решенија со коишто се отвора простор за промени во општеството.

Луксузниот магазин е посветен целосно на BMW, во секое издание се обработува посебна тема, а истиот ќе се објавува периодично. Freude.Forever, што во името се повикува на мотото Freude am Fahren, односно радост во возењето, ќе биде достапен на аеродромите, во избрани хотели, во големи книжарници, а секако ќе може да се нарача и онлајн.

Магазинот е дело на сопствената креативна агенција на BMW, што е именувана The Game, а издавач е Looping Group. Вообичаената поделба по рубрики не постои, човекот е во центарот на секој прилог. Читањето на магазинот треба да би побуди седумте сетила, односно како што посочуваат од BMW, Freude.Forever потикнува Hearing, Smell, Taste, Movement, Touch, Proprioception, Sight.

FREUDE.FOREVER стартува со тираж од околу 150.000 примероци, од коишто 50.000 се печатени на германски јазик, а останатите 100.000 на англиски јазик. Цената е 10 евра.

Линк за нарачка на магазинот · https://freudeforever.com/

Претходна објаваNvidia има компјутер за автомобили што врши 254 трилиони операции во секунда
Следна објаваЕлектро-шампионот Fiat Nuova 500 ќе се продаваше уште подобро – да имаше чипови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here