Денес е на струја: Погоните се менуваат, Fiat 500 останува

Шефот Виторио Валета во средината на 1950-те години се брзаше да понуди уште подостапна и поедноставна за одржување изведба од новиот Fiat 600, кога го ангажираше Данте Џакоза да го конструира Fiat 500. Тоа е вистинската приказна за настанокот на еден од најпознатите и најомилени модели на сите времиња. Во време на електромобилност, Fiat 500 како да освојува повеќе од кога било досега. Вечна е формулата на овој автомобил. Следи кусо претставување на двата модели што се изложени во салонот на Fiat во Скопје.

Овој автомобил секогаш е нов. Кога првата генерација стартуваше пред точно 65 години, таа беше именувана Nuova 500. Кога светот прославуваше половина век од моделот, Торино го врати Fiat 500 во својата понуда од модели, како современо и верно толкување на стилот и духот на Nuova 500. Светот повторно зборуваше за нов Fiat 500 и возеше нов „чинквеченто“. Оваа волшебна бројка, како за Fiat, така и за целата автомобилска сцена, па и многу пошироко од неа, по третпат е Nuova 500. Овојпат има и една клучна разлика. Третата нова 500-ка, вози целосно на електрична енергија. Зарем тоа не води природно кон заклучокот: Автомобилскиот свет може да го менува погонот, но Fiat 500 останува. Правилно, Fiat Nuova 500. На повеќето пазари, моделот сепак се води како 500e. Тоа важи и за македонскиот пазар, а впрочем и на самиот автомобил пишува така – на рамката на задните прозорци и на поклпецот. Нормално дека натписот е стилизиран, ова е нормално италијански автомобил.

За третпат новиот Fiat 500, Леонардо Ди Каприо, зборувајќи во смисла на зачувувањето на животната средина и на нужната заложба што секој треба да ја даде, кажа многу јасно: „Мораме да вложиме сé. Немаме друг избор. Постои само еден начин. Целосно електрично.“ Зад овие реченици и зад впечатливите кадри во видеото, во коешто актерот го претстави Nuova 500 на денешницата, секако дека стои моќна маркетиншка и менаџерска машинерија, но видеото не порачува нешто што е различно од вистината.

Ова е автомобилот на денешницата – или ако веќе се зборува во речникот на Fiat, тоа е новиот автомобил на новата денешница. Продажните бројки кажуваат многу јасно: Последната детална статистика е објавена во април, и таму се покажува дека Fiat 500 е најпродаван електричен автомобил во ЕУ-27 воопшто. Пред Tesla, пред ID, со 5.524 примероци. Дури и Ford Fiesta заостанува зад електричниот „500“.

Дали ова беше оригиналната форма или можеби е ретро-моделот? Италија уште владее со автомобилскиот дизајн

https://photos.app.goo.gl/1yCe5fyUgKb5iDnq6

Во дуомото на Fiat во Македонија, во салонот на Аутомобиле СК, нé пречекаа два примероци од електричниот Fiat 500e, односно Nuova 500. Двата се во високото ниво на опременост Icon, коешто нели асоцира на иконскиот карактер на Fiat 500 на автомобилската сцена. Постојат уште основно ниво на опрема Active, специјално ниво Red и ексклузивен модел La Prima Di Bocelli.

[the_ad id=”69797″]

Во Италија дополнително се нуди и подостапен модел, со електромотор со 70 kW, место 95 kW, како и со помала батерија и соодветно помал досег. Целта на „послабата“ изведба е да се овозможи достапност на електричниот погон до поширок круг купувачи, но за тоа и државата се се залага силно.

Толку е природно Fiat 500 денес да вози на струја; Тоа го потврдуваат и продажните бројки, итало-електро болидот е најпродаван во април во ЕУ27

https://photos.app.goo.gl/cDiHnDQ1x2FWcBMo9

Италијанската држава од 6-ти април годинава одобрува субвенција во висина од 5.000 евра за приватни купувачи на електричен автомобил. Во Македонија, „автомобилските власти“ уште се на ниво на 1990-те години. Субвенција, со вистинска функционалност на субвенција, со цел да се намали цената на автомобилот, кај нас не постои. Државата единствено се откажува од наплата на данок на возило, којшто се одредува во зависност од вредноста на возилото. Ориентациски, во категоријата на цени на Fiat Nuova 500, отстапката што државата ја прави за електричните автомобили се движи околу 3.000 евра.

Цената на двата ексклузивни примероци во „Аутомобиле“, а ексклузивни затоа што во овие времиња на „јагма“ по автомобили е предизвик да се обезбеди електричен автомобил, изнесува 39.500 евра.

Електричниот Fiat 500 е своевиден феномен. Италијанците заработуваат добро од ретро-формулата и продаваат главно стил и уметност на живеење. Но, нека понуди некој подобро, па и тој нека живее од истото. Електричниот погон, кај овој автомобил, всушност е само алиби, за дизајнот на третпат новата Fiat Nuova 500 да се има покрај себе во секое време во секојдневието. За близу 40-те илјади евра, без субвенции од автомобилските власти, што уште ветуваат дека светот на електромобилноста нив ќе ги чека да се свестат, исто така може да се заокружи едно убаво оправдување пред себе. Зарем еден ексклузивен летен одмор, во времетраење од петнаесетина денови, па и уште еден летен одмор што требало да излезе помалку ексклуизивен од планиранното, со еден зимски одмор во меѓувреме, навистина вреди колку парите што ќе се вложат екстра во електричен автомобил, па уште и Fiat Nuova 500, којшто ќе донесе многу подолготрајни доживувања. Да, некогаш и ние претеруваме со приказните…

Детални технички податоци Fiat 500e 3+1 Icon

За шоуто со отворањето на вратите: https://www.instagram.com/p/CfM2QTpATyG/

https://photos.app.goo.gl/CWLUp4rEKgzEuRRs7

Максимална моќност на електормотор 87 kW (118 КС)

Максимален вртежен момент на електромотор 220 Nm

Погон напред

Автоматски менувач со 1 степен

Димензии на каросерија 3632 х 1683 х 1527 mm

Меѓуоскино растојание 2322 mm

Круг на вртење 9,7 m

Багажник 185 / 550 L

Тежина на празно возило 1470 kg

Дозволена носивост, возач + 325 kg

Врати 3+1

Седишта 4

Гуми 195/55R16

Забрзување 0-100 km/h за 9,0 s

Највисока брзина 150 km/h

Просечна потрошувачка WLTP 14,3 kWh/100 km

Досег WLTP 314 km

Досег во град WLTP 447 km

Капацитет на батерија 42 kWh

Тежина на батерија 294 kg

Времетраење на полнење:

  • обичен ѕиден приклучок: 915 min (до 100%)

  • 3-фазен ѕиден полнач, полнач 11 kW: 255 min (до 100%)

  • Полнач со еднонасочна струја 85 kW: 35 min (до 85%)

https://photos.app.goo.gl/eotJiNtZnPBGQn81A

https://photos.app.goo.gl/4NRsGwnFR93LBdQV9

https://photos.app.goo.gl/B5xuvnj1NY29C2KQ8

https://photos.app.goo.gl/LtTV1Zoev3YdVKph6

Линкови кон Fiat 500e во онлајн-салонот на Аутомобиле СК

https://carstore.automobilesk.mk/listings/fiat-500e-plus-icon-0-118-ks-x072803/

https://carstore.automobilesk.mk/listings/fiat-500e-plus-icon-0-118-ks-x075077/

Србија ќе произведува електрични автомобили на Fiat

Претходна објаваНе само илјада, туку рекордни илјада и 202 km со електричниот Mercedes-Benz Vision EQXX
Следна објаваМилано се буди со звукот на најбрзата Alfa Romeo во 5.30 часот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here