за

Toyota пред 65 години почна да продава автомобили во САД

Toyota слави голем роденден, минаа 65 години откако марката пристигна на големиот американски пазар. Денот на вештерките само ѝ го посреќи патот на јапонската марка.

Да беше човек, северноамериканскиот огранок на Toyota ќе се подготвуваше за пензионирање. Но, Toyota е динамична автомобилска марка и не покажува знаци дека ќе забави.

Toyota во САД има години за пензионирање, но има елан на амбициозен приправник. Од тамошното седиште во Плано, Тексас, посочуваат дека Toyota во Америка веќе ја има започнато својата трансформација од автомобилски производител во компанија за сите услуги за мобилност, вклучувајќи секако и продажба и сервисирање автомобили.

Во ерата на електромобилноста, сите погледи се насочени кон иднината, но оваа голема годишнина е добредојдена како посетување дека не треба да се заборава минатото. Некогаш Toyota беше штотуку пристигната марка на американскиот пазар.

Од Toyota Motor North America издвоија 10 моменти што најсилно го одбележале досегашното присуство на марката на големиот и важен пазар.

Страшни работи

Судбината реши Toyota да стартува на пазарот во САД на Денот на вештерките во 1957 година. Тогаш беше отворен салонот со скромен излог во Холивуд, Калифорнија. За среќа, приказната не се претвори во хорор, туку прерасна во нешто многу убаво и успешно. Од 1958 година, Toyota продаде повеќе од 70 милиони автомобили во САД.

Хит е !

Првиот автомобил што Toyota го извезе на пазарот во САД, лимузината Crown, не мина славно. Но подоцна, во 1965 година, компанијата ја пушти во продажба Corona, којашто што беше наменета точно за американските возачи. Моделот наиде на висока популарност.

Купувачите се главни

Toyota го изгради своето место во САД, со тоа што секогаш најдобро го правела: Со ставање на потребите на клиентите на прво место. Тоа беше главната порака во рекламната кампања во 1976 година, којашто остави влијание до денешен ден.

Пуштање корени

Во 1986 година, Toyota стана прв увозник што продаде повеќе од еден милион возила за една година. Само две години подоцна, започна производството на Camry, во првата фабрика во целосна сопственост на Toyota, во Џорџтаун, Кентаки. Toyota оттогаш има произведено повеќе од 30 милиони возила во САД и повеќе од 40 милиони возила во Северна Америка.

Нова дефиниција на луксуз

Во 1989 година, Toyota извади ас од ракав и стартуваше со марката лускузни возила Lexus, прво со LS 400 и ES 250. Тоа беа исклучителни модели. Заедно со врвната техника и изработка, доаѓаше и врвна услуга за клиентите.

Пред своето време

Денес секаде во автомобилската индустрија се зборува за електрификација. Toyota не се двоумеше и во 1998 година ја претстави првата генерација на Prius – тоа е прв хибриден автомобил од големосериско проиводство.

Нека биде најголемо

По половина век од стартов во САД, Toyota ја пушти во продажба верзијата од пикапот Tundra, во делот на којкшто отпаѓа голем дел од пазарот во земјата.

Уште е Број 1

Во својата 30-та година, лимузината Camry, којашто денес е најпродаван патнички автомобил во Америка, достигна 10 милиони примероци во 2013 година.

Ѕвезда во развој

По шест децении постојан развој, Toyota направи храбар чекор и сите подрачја од своето работење во САД, почнувајќи од производсвото, преку финансиите, продажбата, маркетингот и корпоративната организација, ги сосредострочи во својот центар вреден една милијарда американски долари, во Плано, Тексас. Компанијата досега има вложено повеќе од 36 милијарди долари во своите активности во САД. На ниво на континентот, тоа се 43 милијарди долари.

Под силен напон

Toyota во следните 10 години ќе вложи 3,4 милијарди долари во автомобилски батерии. Во плановите се предвидува изградба на фабрика за батерии во Северна Каролина. Тоа ќе биде 11-та фабрика на компанијата во САД, вклучувајќи ја заедничката фабика со Mazda во Алабама, и 14-та фабрика во Северна Америка.

Тест · Toyota Corolla GR Sport : Кого уште засега колку троши хибрид?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Материјал за батерии се копа по океанското дно, не се знаат последиците

Kia ја зголемила продажбата за 10%, прометот пораснал за третина