за

Секој трет ресторан покрај германскиот аутобан има полначи за е-автомобили

Компанија што има развиено мобилна апликација посети 1.500 ресторани во Германија. Од рестораните што се наоѓаат во близина на мрежата од автопати, секој трет веќе располага со полнач за електрични автомобили.

Брзо се менуваат нештата околу електромобилноста. Недостигот од полначи, којшто во почетоците беше меѓу главните пречки за помасовно прифаќање на погонот на струја, покрај ограничениот досег, веќе се надминува. Тимот од мобилната апликација drive & dine, што ги прикажува рестораните на патот до одредиштето, направи истражување, со добри вести за возачите на електрични автомобили.

Гастро-апликацијата drive & dine (www.drivedineapp.com) постои од 2021 година и на патниците им ги прикажува рестораните што се наоѓаат на патот до нивното одредиште. Апликацијата нуди преглед на ресторани и локали на оддалеченост до шест километри од автопатот.

Тоа е одлична идеја, затоа што апликацијата им нуди можност на патниците да го поминат квалитетно времето во чекање додека се наполни батеријата на нивното електрично возило. На тој начин, времето во чекање се претвора во уживање.

Истражувањето на drive & dine, спроведено годинава, покажува дека секој трет ресторан веќе има поставено станица за полначи за своите посетители. Доколку полначот не се наоѓа директно на паркиралиштето на ресторанот, тогаш се зема предвид најблискиот полнач на оддалечност до 300 метри. Во истражувањето беа опфатени 1.500 ресторани и гостилници покрај автопатот.

Поставувањето полначи им овозможува на рестораните да привлечат нов профил на посетители. Локалите на тој начин воедно покажуваат дека се одговорни кон животната средина. На некои клиенти им е важно да го препознаат тоа, при изборот на локалот.

Во платената верзија на drive & dine може со еднократна доплата од 2,99 евра да се пречистат резултатите од пребарувањето. Така се дознава за каков полнач се работи, колкава е моќноста во kW. Дополнително може да се избира меѓу 27 национални кујни.

Бизнисот со полначи за електрични автомобили ќе вреди десетици милијарди

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen-e-golf-300km

Volkswagen повторно ќе произведува електричен Golf

Toyota од магацинот во Белгија испорачува 60 милиони делови годишно