за

Бизнисот со полначи за електрични автомобили ќе вреди десетици милијарди

До 2030 година, прометот што се остварува од полначите за електрични автомобили во Европа ќе се зголеми шесткратно.

Растот на продажбата на електрични автомобили во светски рамки и неодамнешната одлука на ЕУ да забрани продажба на возила со обичен мотор по 2035 година, дополнително го забрзуваат преоѓањето во ерата на електричниот погон. Тоа бара и масивно проширување на мрежата од полначи.

Во својата најнова студија, констултантската компанија Bain & Company ги анализира можностите за полнење што им стојат на располагање на корисниците на електрични автомобили. Во студијата воедно се посочува и на развојот на овој пазар, во бизнис што ќе вреди десетици милијарди евра.

Утрешните пазари се распределуваат денес“, нагласува Др. Ерик Зајер, партнер на Bain и коавтор на студијата. Производителите на автомобили и добавувачите, како и компаниите за електродистрибуција, но и нафтените концерни, веќе започнаа со партнерите да си обезбедуваат најдобри локации и работат на создавање дигитални платформи.

Голем е бројот на компаниите што сакаат да учествуваат во бумот, којшто ќе се случува околу мрежата од полначи за електрични автомобили“. Според анализите на Bain, прометот во ова подрачје само во Европа ќе порасне на 40 до 55 милијарди евра до 2030 година. Во моментов се постигнува промет меѓу 7 и осум милијарди евра. Добивката би се движела околу 5 милијарди евра. Во САД се очекува уште повисок промет. До завршетокот на деценијата, за таму се предвидува промет меѓу 53 и 70 милијарди евра.

Главнината од парите прво ќе се потроши на изградба на станици со брзи полначи во регионите со густ сообраќај. Тоа сепак нема да биде само нов вид „бензински станици“. Директорот за автомобилска практика и мобилност во Bain, и коавтор на студијата, др. Инго Штајн, објаснува дека „голем број возачки и возачи во секојдневието повеќе сакаат да полнат дома или на работа, а станиците со брзи полначи им се потребни пред сé кога патуваат подалеку.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IONITY (@ionity.official)

Во среден рок, големо значење ќе добијат решенијата коишто нудат можност за возилата да полнат струја со користење интелигентни услуги за енергија од следната генерација. Таканаречените Smart Energy Services во 2030 година ќе покриваат околу една третина од добивката во светски рамки. Суштината е во тоа, што возилата нема само да влечат струја од мрежата, туку и ќе можат акумулираната енергија во батеријата да ја вратат назад во мрежата. „Батериите на електричните возила ќе прераснат во важен акумулатор, за да може да се балансира со понудата и побарувачката кога ќе се случуваат големи осцилации во производството на струја од обновливи извори“, упатува Штајн.

Во Bain ценат дека главната улога при изградбата на соодветна инфраструктура ќе ја имаат пет различни начини за полнење:

Полнење по пат

Изградбата на станици со брзи полначи бара големи вложувања, коишто може да достигнат до 150.000 евра. За станиците да наидат на масовна прифатеност и за трошоците да се исплатат, потребно е сигурно и брзо полнење, добар избор на локација и дополнителни услуги, како WiFi или можност за кус престој.

Полнење на одредиштето

На местата со голема раздвиженост, како супермаркети или ресторани исто рака мора да се обезбеди едноставно полнење со соодветна брзина и конкурентни цени.

Полнење дома

Едноставно поставување на полначот во домот, како и прифатлива тарифа, заедно со договор за струја и понуда за Smart-Home, се важни предуслови за станарите во сопствена куќа да се решаваат почесто за електрични возила.

Полнење на работното место

Голем број работодавци ќе треба да им го обезбедат тоа на своите вработени, со поволни цени и едноставни договори.

Smart Energy Services

Енергетските концерни ќе ангажираат компании што ќе нудат Smart Energy Services, што ќе треба да обезбедат сигурен пристап за голем број возила. Голем потенцијал за тоа постои околу деловните центри и фабриките, како и во резиденцијалните населби.

Mini Cooper SE ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 2)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Astra вози со Златен Волан

Toyota ги одликуваше маратонците со најголема километража