Toyota ги одликуваше маратонците со најголема километража

Toyota ги покани најверните возачки и возачи на марката да пристигнат на прогласувањето на „Кралевите и кралиците на километрите“, во историскиот центар на марката, во Toyota Collection во германскиот град Келн.

Животот на автомобилот почнува од 200.000 километри. Така би можело да гласи мотото на овој единствен настан што Toyota го организира за најверните возачки и возачи на автомобил од јапонската и светска марка. Тоа е минималната километража, за Toyota да им оддаде признание на сопствениците на автомобил од марката и да ги пречека во својот клуб на долги километражи.

Некои од новите членови на овој клуб не се двоумеа со својата Toyota да извозат неколку илјади километри до Келн, за да се впишат како нови „кралеви“. Мугуел Турон со својата Toyota Corolla со 240.000 километри досега, допатува од Шпанија. Повеќе од 40 заљубеници во Toyota и во автомобилизмот пристигнаа во Келн за да добијат признание и ексклузивна налепница на клубот. Секако дека и возачките и возачите на луксузната марка Lexus присуствуваа на овој сега веќе традиционален настан, за да бидат одликувани.

Крал на километрите годинава е Николај Ебел, чијшто очигледно неуништлив Land Cruiser има извозено 520.000 километри. Добро им врви и на спортските модели. Бенјамин Зонтхајмер со својот IS F со мотор V8 и со исклучителни перформанси, досега има поминато 440.000 километри. Најголемиот дел од километражата е направена на прочуената Нордшлајфе, на Северниот Јазол на тркачката патека Нирбургринг.

Toyota Land Cruiser има поминато преку половина милион километри

https://photos.app.goo.gl/eJT8Ryidamq6FMCVA

Автомобилистите ја ценат Toyota Prius како пионер на електрификацијата и прв големосериски автомобил со хибриден погон. Но, сцената го познава овој култен модел и како автомобил што е изработен со врвен квалитет. Тоа се докажа повторно на овој настан, со двата примероци од Toyota Prius со далеку над 300.000 километри.

„Кралевите на километрите“ добиваат признание и налепница за членство во клубот

https://photos.app.goo.gl/x9bX8U9weZmtuGSCA

Вкупно 500 посетители го почестија настанот со своето присуство. Покрај бројните нови „кралеви“, во халата на музејот беа изложени и ветераните, вкупно 75 автомобили. Главен херој на настанот секогаш е Lexus LS 400 од 1993 година, којшто има извозено преку еден милион километри со фабричкиот мотор. Гените на маратонец ги докажува и тркачкиот прототип Toyota TS050 Hybrid од светското првенство во трки во издржливост од 2016 година.

Уште еден автомобил со богата историја во мотоспортот е WRC-Corolla од 1997 година, а поглавја за вечноста има напишано и култната Toyota AE86 Trueno од 1987 година. Овој автомобил извозе 32.000 километри од Малезија до Германија, за авантурата да ја заврши во музејот Toyota Collection.

Toyota AE86 Trueno

https://photos.app.goo.gl/a6Q34nxLDkv5uMEM8

Во меѓувреме, Toyota има нов предизвик да ги примени своите искуства во правењето долговечни автомобили. Меѓу ѕвездите беше изложен и новиот Toyota bZ4X, електричен кросовер, кој допрва ќе докажува колку погонот на струја ќе смени во поглед на издржливоста едно возило.

Прогласувањето на Крал и Кралица на километрите се одржа петта година. На сите настани што се имаат одржано досега во oyota Collection, вклучувајќи 43 Денови на отворени врати, овој необичен музеј во којшто историските автомобили може да се разгледаат исто како во салон, има пречекано повеќе од 40.000 посетители.

Неколку сцени од тест-возењето на Toyota Corolla GR Sport

Фотографии од настанот во Toyota Collection

https://photos.app.goo.gl/354YW5QkKArhwRuA6

https://photos.app.goo.gl/KJXzCse8bUPwNfrv9

https://photos.app.goo.gl/i2uUwNaRrJzG2nui7

https://photos.app.goo.gl/4Jx5gK44A3SsMYJD7

Претходна објаваБизнисот со полначи за електрични автомобили ќе вреди десетици милијарди
Следна објаваАвстриската Пошта има 3.000 е-возила, сега уште десет возила Kia EV6

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here