за

Австриската Пошта има 3.000 е-возила, сега уште десет возила Kia EV6

Поштата на Австрија го користи најголемиот возен парк од електрични возила во земјата. Директорите ќе се возат во електричниот, а спортски кросовер Kia EV6.

Kia EV6 освои бројни награди, почнувајќи од најголемата што е веродостојна за европските возачки и возачи, титулата на Автомобил на 2022 година. Дизајнот исто така привлекува бројни погледи и одликувања, а очигледно е дека електричниот модел има материјал и за директорски автомобил. Десет примероци Kia EV6 ја поставуваат круната на возниот парк на Австриската Пошта.

Европското претставништво на Kia објави дека испорачало десет примероци од електричниот кросовер Kia EV6 за Австриската Пошта. Првата дама за возен парк и менаџерка за користени возила на Kia Austria, Катарина Вилијамсон, цени дека електричниот кросовер се одликува со „одличен изглед, суверени возни својства и досег што одговара за секојдневието“. Секако дека и на компаниите им е исто толку важно автомобилот да има долга гаранција, па Вилијамсон додава дека и „7-годишната фабричка гаранција не треба да се заборава“.

Од март годинава, Поштата го обновува возниот парк само со електрични возила. Со вкупно 3.000 возила со погон на струја, компанијата за логистика располага со најголемиот возен парк со електрични возила во Австрија. Преку досегашната примена на возилата се докажа дека новиот погон не условува ограничувања во доставата на пратки. Стекнатите искуства ги охрабрија менаџерите за и возниот парк од патнички автомобили забрзано да го префрлуваат на чисто електрични возила.

Десетте електрични Kia EV6 ќе се користат за директорите. Возниот парк за менаџментот моментно опфаќа преку 560 возила. Од нив, 15 проценти веќе се електрични возила. „Со постојаното збогатување и проширување на мрежата од полначи за возилата за достава во нашите објекти, истата таа мрежа може преку денот да се користи за возилата на менаџментот“, објаснува инженер Кристијан Валчев, директор за техника и за возен парк на Австриска Пошта.

Видеото од Kia Rio со благ хибриден погон што летоска ни беше на тест-возење

Шпанската каратистка Сандра Санчез: „Мојата Kia EV6 е како авион“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota ги одликуваше маратонците со најголема километража

Dacia ќе ја зголеми маржата за 50%, моделите ќе растат