за

Шпанската каратистка Сандра Санчез: „Мојата Kia EV6 е како авион“

Таа е носителка на олимписки златен медал и амбасадорка е на Kia. Сандра Санчез ги опишува своите искуства со електричната Kia EV6, Автомобилот на Европа за 2022 година.

Од 2015 година наваму, на 14-те првенства од европски и светски ранг, вклучувајќи ја и Летната Олимпијада Токио 2020, Шпанката Сандра Санчез само двапати го пропушти златниот медал. Најдобрата каратистка во светот вози електричен автомобил, Kia EV6. Секако дека нé интересира тоа што оваа дама има да го каже за автомобилите.

Шпанската каратистка Сандра Санчез е родена на 16-ти септември 1981 година, во Талавера де ла Реина, во покраината Толедо. Амбасадорката на Kia и светска рекордерка според Гинис, со 35 освоени медали во низа во Карате 1 премиер лигата, од неодамна е возачка на електричниот кросовер Kia EV6. Шпанката зборува за своите искуства во возењето на електричната EV6, за некои од своите животни гледишта и за нејзиниот спорт, што се во спрега со основните начела на марката Kia.

Од каде ги црпиш мотивираноста и енергијата за да продолжиш со натпреварите?

Исус секогаш ми кажува дека сум паднала во лонец со среќа и тоа ми дава сила за секогаш да сакам да направам многу нешта. Како каратистка и како личност, ценам дека никогаш не престанувам да се развивам, постојано има простор за подобрување. Тоа не зависи од медалите што ги добивам, туку од фактот што можам секогаш да изведам за нијанса подобра ката од последниот пат. Секогаш можам да покажам подобра верзија од себе и поради тоа продолжувам да работам и се обидувам сé да направам малку подобро отколку вчера.

Сандра Санчез: „Сакам сите автомобили да се електрични“

New item by Automedia MK / Google Photos

Кога ќе завршат натпреварите и целиот работен циклус ќе заврши, како ги полниш своите батерии?

Годината на Олимпијадата навистина беше најтешка година во мојата спортска кариера, бидејќи го продолживме олимпискиот циклус за една година. По Олимписките Игри морав да го продолжам тој период за уште три месеци, за да се натпреварувам во Светското Првенство. Потребен ми беше физички и ментален одмор, што главно го постигнав со своето семејство, во играње со моите внуци, повторно бев дете. Место да се одморам, повторно се заморував, но со други нешта. Тоа повторно го зајакна мојот ентузијазам, исто ме исполни и со детски ентузијазам, затоа што со моите внуци обожувам кога нештата ги почнувам од ново и со тоа ги полнам своите батерии.

Постои ли простор за креативност во карате?

Иако секоја ката е претходно одредена, секогаш мораш да се внесеш со своето срце, секогаш мораш да ја оставиш својата душа на татами. Исто како Kia, во секој проект се внесува дел од срцето и секогаш постои простор да се остави сопствен печат од тоа што го работите.

Мојата Kia EV6 е како авион. Дизајнот е одушевувачки, но кога ќе седнеш внатре се импресионираш уште повеќе од сé околу тебе

New item by Automedia MK / Google Photos

Сонуваше дека ќе станеш толку позната преку карате?

Не можев да сонувам дека сé што ми се случи оваа година, ќе ми се случи. Тоа што најмногу ме одушевува, не е тоа светот да дознае за мене, што е очигледно дека ми се допаѓа и го сакам вниманието на луѓето околу мене, туку тоа што светот зборува за карате, во своите домови, во бар, на средби. И тоа што постојат деца што вежбаат, бидејќи го виделе на Игрите. По исклучително тешката година во доџо и во сала, моите колеги ме побараа на телефон да ми заблагодарат поради ненадејното зголемување на бројот на луѓе што почнуваат со карате, не само деца, туку и возрасни. Тоа е едно од најубавите нешта што можеше да ми се случат.

Сметаш дека се приближува датумот кога ќе се повлечеш од натпреварите? Каков ќе биде твојот живот кога повеќе нема да се натпреваруваш?

Такви мисли ми се вртат низ глава, секогаш мислиш на иднината, но јас сум личност што животот го живее во сегашноста. Оставам отворени врати, се подготвувам, но потоа оставам животот да ме изненади. Исто така верувам дека најубавите работи се случуваат кога ги очекуваш најмалку, и кога студираш, тренираш и знаеш дека има иднина, мора да оставиш изненадувањата да се случат.

Ги полнам своите батерии со моето семејство, играјќи со внуците и внуките, повторно сум дете

Дали сакаш да возиш? 

Да, сакам да возам, но исто и сакам да ме возат кога носам високи потпетици. Претходно само еднаш имав возено електричен автомобил и тоа беше мошне вредно искуство, бидејќи имав чувство како да сум во симулатор, како тоа да е нереално, поради тоа што немаше звук. Сé беше толку мазно… Многу беше различно од тоа што го знаев, но беше исксутво во коешто навистина уживав и сега се надевам дека ќе го повторам уште многупати.

Што мислиш за електричната мобилност?

Мислам дека тоа е иднината, тоа е чекор напред во секој поглед: Во свесноста на општеството дека имаме планета за којашто мора да се грижиме. Во иднина сите автомобили ќе бидат електрични, се надевам дека тоа ќе се случи. Сепак знам дека мора да се прави чекор по чекор, се надевам дека тоа во Шпанија ќе се случи колку е можно поскоро.

Не можев да сонувам дека сé што ми се случи оваа година, ќе ми се случи. Тоа што најмногу ме одушевува, не е тоа светот да дознае за мене, туку тоа што светот зборува за карате и тоа што постојат деца што вежбаат, бидејќи го виделе на Игрите

Што очекуваш од EV6, којашто ќе биде твој автомобил како амбасадорка на Kia?

Мислам дека тој автомобил е како авион. Навистина сум одушевена, изгледа прекрасно, дизајнот е неверојатен… Но, откако ќе седнеш внатре, уште повеќе се импресионираш од сé што има внатре, од дисплеите, од функциите со коишто располага. Досега ја имам возено кусо во близина, така што се уверив во чувството на леснотија, во тишината, но во исто време и во моќноста што ја поседува автомобилот. Ми влева голема доверба, многу е просторна внатре и има багажник што собира сé. Ми се допаѓа сé во овој автомобил и сакам што поскоро да ги запознаам сите технологии што ги нуди. Се надевам дека таа ќе ме одвезе на бројни тренинзи и на бројни првенства и ќе ме врати со златен медал.

Kia EV6 победи во изборот за автомобил на 2022 година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Opel Mokka во ограничена серија Individual со екстра стил

MG има нов шеф и големи планови за Европа