MG има нов шеф и големи планови за Европа

MG е уште една марка со големо име што е во сопственост на кинески автомобилски гигант. Верно на традицијата на името MG, марката веќе неколку години се продава одлично во Велика Британија. Освојување на поширокиот европски пазар е следната цел. Лани продажбата пораснала за трипати.

Европскиот огранок на MG, марка во сопственост на најголемиот автомобилски производител во Кина, SAIC, го постави Шинју Лиу за нов регионален шеф. Неговиот претходник Мет Леи ја напушти директорската позиција за да се посвети на деловни обврски во Кина.

Новиот шеф Лиу има над 20 години искуство во автомобилската индустрија, со SAIC Motor во Кина. Тој се придружи во менаџерскиот тим на MG Motor Europe во 2019 година, кога марката почнуваше со продажба на првите пазари на континентот. Во март 2020 година, Лиу ја презеде функцијата на извршен директор на MG Motor France. Марката MG доживеа голем успех во повторното лансирање на францускиот пазар.

Под раководство на Лиу, Франција стана најголем пазар за MG во Европа, вон „домашната“ Велика Британија. За кусо време, низ цела Франција беа отворени над 120 продажни салони за марката MG. како потпретседател на MG Motor Europe, господин Лиу беше одговорен за продажбата и дистрибуцијата на марката MG во Европа.

Пред ангажирањето во Европа, Шинју Лиу успешно раководеше со Skoda, како извршен директор на заедничката компанија SAIC-Volkswagen во Кина. На оваа функција, тој беше одгворен за продажбата, за марката и за маркетингот, за продажната и сервисната мрежа, раководејќи со тим од 420 лица.

Продажба на автомобилите на MG Motor во Европа во 2021 година:

France 4,829
Sweden 4,520
Germany 3,072
Norway 3,069
Denmark 1,497
The Netherlands 1,142
Italy 919
Spain 747
Belgium + Luxembourg 731
Austria 681
Ireland 493
Iceland 176
Malta 43
Portugal 27
Sub-total 21,946
United Kingdom 30,600
Total 52,546

MG ќе продава повеќе електрични од бензински модели

Кинеските марки веќе функционираат одлично и на македонскиот пазар; Со електричниот Seres 3 лани извозевме комотно долж течението на Треска, од Кичево, преку Јасен, до Скопје

Со електричен Seres 3 од изворот на Треска до Скопје

Претходна објаваШпанската каратистка Сандра Санчез: „Мојата Kia EV6 е како авион“
Следна објаваПристигна првото електрично Audi: Новиот e-tron Sportback

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here