за

Пристигна првото електрично Audi: Новиот e-tron Sportback

Иднината е електрична: Во салонот на Audi во Скопје пристигна новиот Audi e-tron Sportback.

Динамично SUV купе кое нуди моќност до 300 kW и досег кој во зависност од конфигурацијата може достигне до 446 километри (WLTP) со едно полнење на батеријата. Неговите дигитални Matrix LED светла се нова карактеристика што сега е достапна кај e-tron. Нивната светлина се дели на ситни пиксели и може да се контролира со исклучителна прецизност. Ова го олеснува центрирањето на светлината пред возачот, без воопшто да попречува на возилата кои доаѓаат од спротивната лента.

Елегантен, ефикасен, препознатлив: надворешен дизајн

Audi e-tron Sportback ја комбинира моќта на пространиот SUV со елеганцијата на купе со четири врати и прогресивен карактер на електричен автомобил. Со должина од 4.901 милиметри, ширина од 1.935 милиметри и висина од 1.616 милиметри, неговиот покрив се протега рамно над мускулестото тело, стрмно спуштајќи се надолу – во типичен купе стил се влева во D-столбовите.

New item by Automedia MK / Google Photos

S-line пакетот на опрема става посебен акцент на спортската DNK на Audi e-tron Sportback. Стандардно е опремен со тркала од 20 инчи и спортска воздушна суспензија. Препознатливиот контурен браник е опкружен со поизразени воздушни завеси, кои го подобруваат протокот на воздух. Тие се протегаат под фаровите, а со тоа создаваат динамичен изглед дури и од далечина. Амблемот S-Line ја краси решетката на ладилникот, додека осветлените алуминиумски облоги на праговите на вратите имаат “S” лого. На задниот дел, вградениот спојлер е стандарден, како и впечатливиот дифузер што се протега низ целата ширина на возилото и придонесува за извонредна аеродинамика.

Спортска ефикасност: Електрични мотори со електричен quattro погон на сите тркала

Audi e-tron Sportback 55 quattro му овозможува на возачот да ужива во интеракцијата на ефикасност, перформанси и врвен комфор. Секоја оска е опремена со асинхрон електричен мотор кој се напојува со трофазна електрична енергија од системот за напојување. Со моќност од 265 kW и 561 Nm вртежен момент2, двата стандардни електрични мотори имаат голема моќност при лансирањето на SUV купето од место – без CO2 емисии и во виртуелна тишина. На Audi e-tron Sportback 55 quattro му се потребни само 6,6 секунди да достигне 100 km/h, а максималната брзина е електронски ограничена на 200 km/h.

New item by Automedia MK / Google Photos

Со префрлување од погонскиот опсег D во S и целосно притискање на педалата за гас, возачот може да го активира “Boost” режимот. Во овој режим на возење, погонот генерира моќност од 300 kW и вртежен момент од 664 Nm за осум секунди. Ова му овозможува на SUV купето да забрза од 0 до 100 km/h за само 5,7 секунди. Двостепените менувачи со еден опсег на брзини го пренесуваат вртежниот момент од електричните мотори на оските. Прекинувачот, со кој возачот може да управува со палецот и показалецот, се користи за избор на брзини. Поставен во централната конзола, рачката од менувачот служи дополнително и како потпирач за раце.

New item by Automedia MK / Google Photos

Запознајте го новиот Audi e-tron Sportback одблизу во салонот на Audi во Скопје или дознајте ги сите информации на www.audi.mk

(Соопштение за медиуми од Порше Македониија)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

MG има нов шеф и големи планови за Европа

Шефот на Volkswagen со 10 милиони плата за минатата година