На Херберт Дис, првиот и клучен човек во концернот Volkswagen, за минатата година ќе му биде исплатен личен доход од преку 10,3 милиони евра, во коишто влегува и сумата за пензиското осигурување.
Концернот Volkswagen работеше одлично во минатата година во поглед на заработката, и покрај последиците од пандемијата и кусокот со микрочипови. Тоа секако дека влијае и врз платата на шефот на германскиот концерн, Херберт Дис. Вклучувајќи ја уплатата за пензиско осугурување, личниот доход на топ-менаџерот, еден од дваесетината од врвен ранг во производството на автомобили, за минатата година изнесува над 10,3 милиони евра. Без уплатата за пензиското осигурување, на Дис би му биле исплатени 8,6 милиони евра. Сето тоа концернот Volkswagen го објави во деловниот извештај.
Во првата година од пандемијата, намалената заработка влијаеше и врз приходите на шефот на управниот одбор. Без осигурувањето, Дис тогаш заработи околу 6,1 милиони евра, за 900.000 евра помалку отколку пред пандемијата. Намалувањето на платата во најголем дел произлезе од намалената варијабилна компонента, што се пресметува врз основа на развојот на деловното работење во тековната година за којашто се одредува платата.
Во платата на директорите на Volkswagen е вклучен и бонус, којшто се одредува врз основа на резултатите во трите претходни години, како и фиксна основна плата, заедно со дополнителни ангажмани. Вредностите меѓу две години ретко може да се споредат веродостојно, затоа што исплатата на одредени компоненти се одредува скалесто, а некогаш има и одбитоци.
Herbert Diess, Volkswagen Group CEO: A Fortt Knox Conversation https://t.co/LkXTORxaYr
— Jon Fortt (@jonfortt) March 11, 2022
Најголемиот дел од платата на Херберт Дис за 2021 година го сочинува едногодишниот варијабилен бонус.
Илон Маск барал Херберт Дис да работи за Tesla пред да стане VW-шеф